Dota 2

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Dota 2
DotA2.jpg
Лого
Изработувач(и) Valve Corporation
Дистрибутер Steam (онлајн)
Дизајнер IceFrog
Погон Source engine
Подлоги Линукс, Microsoft Windows, Mac OS X
Режим(и) Самостоен, здружен и групен
Начин на
контролирање
Тастатура, глувче

Dota 2 е групна онлајн стратешка видео игра создадена од Valve Corporation. Dota 2 претставува директно продолжение на мапата Defense of the Ancients за Warcraft III: Reign of Chaos и нејзината експанзија The Frozen Throne. За прв пат била најавена на 13 октомври 2010, преку Game Informer[1], и официјално издадена во јули 2013 после скоро две-годишен период на бета тестирање започнат во септември 2011. Моментално е достапна бесплатно преку платформата за видео игри Steam.

Dota 2 се игра во партии кои обично траат од 20 до 60 минути. Во една партија учествуваат 10 играчи распределени во 2 тимови кои имаат своја база на спротивните краеви на мапата. Во секоја од базите се наоѓа градба наречена „Ancient“, и целта на играта е да се уништи противничкиот Ancient и да се заштити својот Ancient од противниците. Секој играч контролира лик наречен херој со кој може да учествува во тимски битки преку кои треба да стигне до непријателскиот Ancient и да го уништи.

Dota 2 е една од најиграните онлајн игри во светот со 800.000 играчи во било кое време. Голем дел од популарноста на Dota 2 се должи и до нејзината компетитивност, оддржувајќи повеќе турнири месечно со големи парични награди и голем број публика. Професионалните играчи на Dota 2 се едни од најплатените играчи од сите видео игри. [2]

Наводи[уреди | уреди извор]