AliExpress

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Логото на АliExpress

AliExpress е онлајн услуга за малопродажба со седиште во Кина, сопственост на Alibaba Group.[1] Таа била лансирана во 2010 година и составена е од мали бизниси во Кина и на други места, како Сингапур, кои нудат производи на купувачи од целиот свет преку интернет. Компанијата ја има најпосетуваното мрежно место за е-трговија во Русија и била 10-та најпопуларно мрежно место во Бразил.[2] Мрежната страница им овозможува на малите бизниси да им продаваат на клиенти низ целиот свет. AliExpress се споредува со eBay, бидејќи продавачите се независни и ја користат платформата за да им понудат производи на купувачите.[3][4]

AliExpress започнал како портал за купување и продажба во форма бизнис до бизнис. Оттогаш се има проширено и како малопродажба, потрошувач до потрошувач, cloud computing. AliExpress е достапен на англиски, шпански, холандски, француски, италијански, германски, полски, португалски и руски. Клиентите надвор од границите на земјите со наведените јазици автоматски се поврзуваат на англиската верзија на мрежната страница.[5] AliExpress често се користи од продавници за е-трговија кои се користат со drop shipping метод.[6]

Продавачите на AliExpress можат да бидат компании или поединци. AliExpress е различен од Amazon бидејќи делува само како платформа за е-трговија и не продава производи директно на потрошувачите.[7] Порталот директно ги поврзува кинеските бизниси со купувачите. AliExpress се разликува подружницата на Alibaba Taobao во тоа што AliExpress првенствено е насочен кон меѓународни купувачи.[2]

AliExpress не дозволува клиенти од Кина да купуваат од платформата, иако повеќето трговци на мало се самите Кинези.[8] Мрежната страница нуди партнерски маркетинг преку кој партнерите се наградени за носењето нови посетители на страницата со комисија за продажба.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „What's the difference between Alibaba.com and AliExpress.com?“. Alibaba.com. Посетено на 2019-06-18.
  2. 2,0 2,1 Checkup, China. „What is Aliexpress?“.
  3. „Ebay vs Aliexpress - Which is better?“. Top Reviews for You (англиски). 2017-08-12. Посетено на 2019-08-02.
  4. Hsiao, Aron. „ebay Versus AliExpress? Where You Should Be Shopping“. The Balance Small Business (англиски). Посетено на 2019-08-02.
  5. „A Brief History of Jack Ma, Alibaba and AliExpress“. Alixblog. 2016-03-23. Посетено на 2017-05-22.
  6. „The Definitive Guide to Dropshipping with AliExpress“. Shopify (англиски). Посетено на 2020-01-20.
  7. „AliExpress Is Cheap, But Is It Safe to Shop There?“.
  8. Checkup, China. „What is Aliexpress?“. China Checkup (англиски). Посетено на 2019-08-02.