Јапонската армија го напаѓа кинескиот гарнизон кај Лучиоа, во близина на Пекинг. Кинеските сили се спротиставуваат, па Јапонија тоа го искористува како повод за агресија врз Кина. Кинеско-јапонската војна трае сè до капитулацијата на Јапонија во септември1945 година.
Борис Бекер станува првиот нерангиран играч, најмладиот тенисер (дотогаш), како и првиот Германец што го освојува Вимблдон, на возраст од само 17 години и 7 месеци.
Целиот тираж на Хари Потер и Огнениот Пехар, четвртото продолжение на авантурите на малиот волшебник, е распродаден уште во претплата, пред и воопшто да биде испечатено делото.