4 месеци, 3 недели и 2 дена

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

4 месеци, 3 недели и 2 дена (романски: 4 luni, 3 săptămâni și 2 zile) - романски филм од 2007 година, во режија на Кристијан Мунгиу (Cristian Mungiu), кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Анамарија Маринка (Anamaria Marinca), Лаура Василиу (Laura Vasiliu), Влад Иванов (Vlad Ivanov) и Александру Поточан (Alexandru Potocean). Филмот освоил три награди на Канскиот филмски фестивал (вклучувајќи ја и „Златната палма“), освоил две Европски филмски награди (за најдобар филм и најдобра режија). Вкупно, филмот освоил 40 награди и имал 58 номинации, вклучувајќи ја и онаа за наградата „Златен глобус“.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Отилија (ја игра Маринка) и Габриела (ја игра Василиу) се две студентки кои ја делат истата соба во студентскиот дом. Габриела е бремена и сака да абортира, па затоа бара помош од Отилија. Отилија резервира соба во еден хотел и стапува во контакт со докторот Бебе (го игра Иванов). Бидејќи девојките немаат доволно пари за интервенцијата, Бебе ја принудува Отилија на сексуален однос со него. По зафатот, Отилија го посетува своето момче Ади (го игра Поточан) чија мајка слави роденден, но цело време е нервозна и брзо ја напушта прославата. Кога се враќа во хотелот, Габриела веќе го исфрлила фетусот, а Отилија излегува надвор и го фрла мртвиот фетус в ѓубре.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]