30 април (настани)
Изглед
| 1900 | Хаваи станале составен дел на САД. |
| 1916 | Летното сметање на времето за првпат во светот се применува во Обединетото Кралство. |
| 1944 | Во селото Стајовце, Кумановско, проширениот Иницијативен одбор за свикување на АСНОМ го одржа првото заседание. |
| 1975 | Американците го напуштија Сајгон, со што заврши 20-годишната интервенција на САД во Јужен Виетнам. |
| 1992 | Во Скопје, редакцијата на весникот „Нова Македонија“ и новинската агенцијата Франс-Прес од Париз, потпишаа долгогодишен договор со кој весникот се вклучува во користењето на општите услуги на агенцијата. |
| 2013 | Крунисан холандскиот крал Вилем-Александар, по абдикацијата на неговата мајка, кралицата Беатриса. |