22 август (настани)
Изглед
| 476 | Варварскиот водач Одоакар го опустошил Рим и се прогласил за крал на Италија. Со тоа завршило постоењето на Западното Римско Царство. |
| 565 | Свети Колумба прв го здогледал чудовиштето од Лох Нес. |
| 1642 | Чарлс I го нарекол Парламентот „предавници“. Започнала Англиската граѓанска војна. |
| 1846 | САД го анектираа Ново Мексико. |
| 1849 | Изведен е првиот воздушен напад во историјата: Австрија од беспилотни воздушни балони исфрлила бомби врз Венеција. |
| 1864 | Дванаесет земји ја потпишале Првата женевска конвенција. Основан е Црвениот крст. |
| 1911 | Откриена е кражбата на „Мона Лиза“, прочуеното дело на Леонардо да Винчи, од парискиот музеј во Лувр. |