„Грозд“ - Струмица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Грозд
Grozd
ТипАД
Oснована1952
СедиштеСтрумица, Република Македонија Струмица, Македонија
ул. Цветан Димов бб (Стадион); Винарска визба - Василево
ДејностВинарство
Производимастика, вино, сокови
Порталgrozd.mk

Грозд — винарска визба и фабрика за алкохолни пијалаци и сокови од Струмица, Македонија.

Историјат[уреди | уреди извор]

АД „Грозд“ Струмица се занимава со производство и промет на алкохолни и безалкохолни пијалоци. Компанијата постои повеќе од 60 години, односно била основана во 1953 година и ја продолжува традицијата на печење на струмичка мастика позната повеќе од 300 години.

По трансформација на капиталот, Грозд Струмица бил организиран како акционерско друштво во приватна сопственост со основна дејност производство и промет на алкохолни и безалкохолни пијалоци со висок квалитет и богата традиција. АД Грозд Струмица има добиено сертификат за управување со квалитет ИСО 22000: 2005 и сертификат за управување со животната средина ИСО 14001: 2015.

АД Грозд Струмица е респектабилна фирма која соработува со голем број фирми како добавувачи и купувачи и други соработници. Производите се познати и во странство: САД, Швајцарија, Германија, Италија, Србија, Хрватска, Словенија. Стремежот на менаџментот на компанијата е традиционално високиот квалитет на производите да биде најдобар со што ќе се овозможи влез на пазарите ширум Европската унија и надвор од неа.

Производство[уреди | уреди извор]

Производство на „Струмка“

Производството на „Грозд“ вклучува алкохолни и безалкохолни освежителни пијалаци меѓу кои: познатата струмичка мастика, повеќе сорти на вина, освежителни сокови, а во фаза на изградба е и погон за производство и пакување на вода. Во рамките на претпријатието „Грозд“ е и винаријата, со сопствени лозови насади од околу 700 хектари на прекрасен тероар, каде се одгледуваат скоро сите модерни светски познати и автохтони сорти на грозје, резултирајќи во високо квалитетни и трпезни вина[1].

Водечкиот производ во производната палета на компанијата е познатата Струмичка мастика која е природен алкохолен пијалок произведена од исклучително природна суровина - најквалитетен вински дестилат од македонското поднебје и природно анасоново семе кое содржи етерични масла кои ја даваат единствената арома на мастиката. Квалитетот и оригиналноста на Струмичката мастика се потврдува со многубројните награди и признанија добиени на домашни и странски саеми и дегустации.

Од палетата на безалкохолните пијалоци се произведува традиционалната Струмка која со специфичната крушкова арома е еден од ретките безалкохолни пијалоци од таков вид кој не е сличен на другите пијалоци. Други безалкохолни пијалоци се: „Липо“ со вкус на лимон и портокал, „Битер лемон“, „Блек Џек кола“, како и природната изворска вода - газирана наречена „Длабинска“.

Галерија[уреди | уреди извор]

Вина[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Мастика — алкохолен пијалак, во производство на „Грозд“
  • Струмка — безалкохолен пијалак, сок во производство на „Грозд“

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „About Us“. grozd.mk (en-US). конс. 2017-08-25.