Ултравиолетово зрачење

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ултравиолетова светлина)
Ултравиолетовата светлост е невидлива (затоа светлоста која ја емитува УВ лампа се нарекува црно светло), но поради тоа што веднаш се јавува во спектарот под виолетова потсетува на неа.

Ултравиолетово зрачење (или ултравиолетовата светлина) — електромагнетно зрачење на кое одговараат бранови должини од 400 до 10 нанометри.

Овој вид на електромагнетно зрачење има поголема енергија од видливото зрачење (од 400 до 800 нанометри) кое може да го види човековото око.