Прејди на содржината

Шпанска граматика

Од Википедија — слободната енциклопедија
шпански јазик
Дон Кихот

азбука · фонологија · историја · правопис
дијалекти
  Граматика
показни зборови · именки · заменки
придавки · предлози · прилози
глаголи (сврзници · неправилни глаголи)

Шпански јазик (самонар. español, castellano) — јазик кој се зборува во Шпанија, Америка и Екваторска Гвинеја. Шпанскиот е флективен јазик, со два граматички рода, разни форми на глаголи, но без деклинација на именки и со поедноставена заменска (прономинална) деклинација. Овој јазик е првиот романски јазик кој имал напишана граматика во 1492 година, напишана од андалусискиот лингвист Антонио де Небриха.

Што се однесува за регулацијата на јазикот, шпанската кралска академија се грижи за јазикот и го адаптира новите правила на јазикот. Разликите помеѓу стандардниот шпански јазик зборуван во Шпанија и шпанскиот јазик во Америка, не се разликува многу и меѓусебно многу лесно се разбираат.

Во шпанскиот јазик постојат седум индикативни граматички времиња, горе долу лесно споредливи со граматичките времиња на македонскиот јазик. Секој глагол има шест различни форми за пишување, во зависност од лицата и времето.

(Yo) Como (Nosotros/as) Comemos
(Tú) Comes (Vosotros/as) Coméis
(Él, Ella, Ud.) Come (Ellos, Ellas, Uds.) Comen

Придавки

[уреди | уреди извор]

Употребата и функцијата на придавките во шпанскиот јазик се скоро слични со тие во македонскиот јазик и останатите индоевропски јазици. Покрај големите сличности, карактеристично за шпанските придавки е:

  • во шпанскиот јазик придавките се пишуваат и користат после именката која ја одредуваат, за разлика од македонскиот каде се ставаат пред именката. Исклучок на ова е кога се пишува на поетски стил, каде шпанската придавка се става пред именката, за разлика од македонскиот каде придавката во тој случај стои после именката.
    • Mi casa roja значи или дека има многу црвени куќи во светот, но јас зборувам за мојата, или дека јас имам многу куќи, но јас ја посочувам црвената. Mi casa roja = Моја куќа, црвена.
    • Mi roja casa значи дека јас потенцирам колку црвена е мојата куќа. Mi roja casa = Моја црвена куќа.
  • како и во македонскиот, така и во шпанскиот јазик, придавките се во согласност со именката во поглед на граматилката бројливост и граматичкиот род.
  • во шпанскиот јазик често придавката стои сама, без именка и тогаш таа ја презема фукцијата на именката. На пример, los altos значи "високите" или "високите мажи". El grande значи "големиот" или "големиот маж".

Шпанскиот јазик има два вида на членови: определен и неопределен.

членови определен ед. определен мн. неопределен ед. неопределен мн.
машки род El Los Un Unos
женски род La Las Una Unas
среден род Lo Uno

Определените членови на шпанскиот се исти со македонските -та, -ва, -на, -от, -ов, -он, -то, -во, -но и останатите. Неопеределен член, македонскиот јазик нема.

Показни зборови

[уреди | уреди извор]

Шпанскиот јазик има три вида на показни зборови, чија употреба зависи од далечината на говорниците и предметот кој се опишува. Исто како и македонскиот, показните зборови на шпанскиот имаат и број и род.

Показни зборови кратко средно долго
м.р. ед. Este Ese Aquel
м.р. мн. Estos Esos Aquellos
ж.р. ед. Esta Esa Aquella
ж.р. мн. Estas Esas Aquellas
с.р. Esto Eso Aquello

Забелешка: кога показниот збор се наоѓа пред именката за која се однесува, показниот збор не се акцентира, пр. esta casa (оваа куќа), esos días (тие денови).

Исто така, показните зборови можат да стојат сами. Во таков случај, акцентот е опционален или често е испуштен освен ако тоа ја прави реченицата двозмислена, пр. Quiero este (or éste) (Јас го сакам ова).

Средниот родима значење како "ова (или она) нешто, концепт или идеја": Eso está bien (Тоа е добро). Поради нивната употреба, показните зборови од среден род никогаш не се користени како придавки. За неопределеност, немаат множина.

Присвојност

[уреди | уреди извор]

Присвојните зборови зависат од родот и бројот. Првото во табелата е присвојна придавка, второто присвојна заменка.

Присвојни зборови 1 л. ед. 2 л. ед. 3 л. ед. 1 л. мн. 2 л. мн. 2 л. мн / 3 л. мн.
м.р. Mi(s), el mío/los míos Tu(s), el tuyo/los tuyos Su(s), el suyo/los suyos Nuestro(s), el nuestro/los nuestros Vuestro(s), el vuestro/los vuestros Su(s), el suyo/los suyos
ж.р. Mi(s), la mía/las mías Tu(s), la tuya/las tuyas Su(s), la suya/las suyas Nuestra(s), la nuestra/las nuestras Vuestra(s), la vuestra/las vuestras Su(s), la suya/las suyas

Родот во овие случаи се однесува на родот на предметот што е присвоен, за разлика од македонскиот каде присвојниот збор е според човекот кој го поседува.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]