Ромска граматика
Ромската граматика е поим со кој се опфаќаат правописните, морфолошките, синтаксните и семантичките правила и прописи на ромскиот јазик. Ромскиот јазик е индоариски јазик, и поради тоа има одредени сличности со останатите индоевропски јазици. Важно е да се има на ум фактот дека не постои една унифицирана стандардизирана граматика на ромскиот јазик, па така секој поголем или помал ромски дијалект има свои одлики и влијанија од подоминантните јазици во областите каде се зборуваат тие дијалекти.
Фонологија
[уреди | уреди извор]Ромскиот гласовен систем е многу необичен за разлика од останатите европски јазици. Една од најзначајните одлики на ромскиот фонолошки систем е разликувањето меѓу звучни, безвучни и аспиративни гласови (гласови со призвук), како на пример p t k č (безвучни), b d g dž (звучни), или ph th kh čh (аспиративни).[1] Во некои дијалекти има и присуство на ротичката (вевна) ř, која се изговара увуларна (ресична) [ʀ], долга вевна [r:], или ретрофлексна [ɽ] или [ɻ].[1]
Во прилог следуваат основните ромски согласки, а во загради се согласките кои се наоѓаат во некои одредени дијалекти:
|
|
Источните и Југоисточноевропските ромски дијалекти имаат и палатализирани согласки, кои функционираат или како засебни согласки или како алофони.[1] Некои дијалекти го имаат и гласот ə или ɨ.[1] Должината на самогласките е присутна кај западноромските дијалекти.[1] Со позајмувањето на странски зборови се вовеле и неромски гласови.[1]
Акцент
[уреди | уреди извор]Акцентот во ромскиот јазик е на последниот слог од зборот.[2] Акцентот на позајмените зборови бил на вториот слог од крајот на зборот, особено до примањето на големиот број хеленизми во јазикот. пр.
- dženó - лице
- vogí - душа
- džépo - џеп
- sfíri - чекан (од грчки)
Морфологија
[уреди | уреди извор]Именки
[уреди | уреди извор]Именките во ромскиот јазик имаат два рода (машки и женски), два броја (еднина и множина) и падежи, од кои најосновните се номинатив и акузатив.[3]
ед. ном. | ед. аку. | мн. ном. | мн. аку. | |
---|---|---|---|---|
'момче' (м.р.) |
čhav-o | čhav-es | čhav-e | čhav-en |
'жена' (ж.р.) |
řomn-i | řomn-ja | řomn-ja | řomn-jen |
Во јазикот постојат повеќе деклинациски класи на именките, особени на дијалектните нивоа.[3] Гледано подетално, европските позајмениу зборови имаат грчки наставки.[3]
Останатите падежи се изразени преку наставки (наставки) кои се додаваат на коренот на зборот во акузатив. Така на пример има: -te/-de (локатив и препозиционал), -ke/-ge (датив), -tar/-dar (аблатив), -sa(r) (инструментал и комитатив), и -ker-/-ger- (генитив).[3] Во ромскиот јазик задржан е типичниот индоариски систем на согласување на генитивот со главната именка, како на пример во čhav-es-ker-o phral 'братот на момчето', čhav-es-ker-i phen 'сестрата на момчето'.[3]
Придавките и определениот член мора да се согласат во именката која ја определуваат:: mir-o dad 'мојот татко', mir-i daj 'мојата мајка'.[3][4] Неопределениот член често се презема од подиминантниот јазик, ако има таков.[3]
Синтакса
[уреди | уреди извор]Синтаксата на ромскиот јазик е различна од таа на останатите индоариски јазици. Ромската синтакса е слична со синтаксата на балканските јазици.[4]
Во ромскиот јазик глаголот доаѓа пред предметот, така кај контрастивни реченици се сретнува зборовниот редослед подмет-прирок-предмет, а кај тетичните реченици прирок-подмет-предмет. Придавките и определениот член се пред именките.[4] Виктор Фридман ги дава следните зборовни редоследи[2]:
- прирок-предмет - необележана реченица
- предмет-прирок - реченица со фокус
- прирок-подмет - раскажана реченица
- подмет-прирок - контрастивно-тематска реченица
Наводи
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Преглед на ромската граматика, заснована на ромскиот јазик во Македонија, Виктор Фридман
- Проблеми при кодификацијата на ромскиот јазик Архивирано на 27 април 2012 г., Виктор Фридман.
- Ромското 'те' во балканскиот контекст Архивирано на 27 април 2012 г., Виктор Фридман.
- Номинативна инфлекција во ромскиот Архивирано на 27 април 2012 г., Виктор Фридман.
- Падежи во ромскиот: стара граматика во нови афикси Архивирано на 31 март 2012 г., Виктор Фридман.
Оваа статија од областа на лингвистиката е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |