Шкофјелошки пасион
Шкофјелошки пасион (латински: Processio locopolitana, словенечки: Škofjeloški pasijon) е најстарата претстава на словенечки јазик. Во оваа сегашна форма, тоа било покајничка страстна поворка. Напишана е врз основа на постара традиција од 1715 година, со мали корекции до 1727 година, од отец Ромуалд (Ловренц Марушиќ; 1676-1748), капуционер монах кој живеел во тој период во манастирот Крањ Капуцини во градот Шкофја Лока.[1] пасион претставува библиски приказни, особено од животот на Исус Христос. Се состои од 869 стихови напишани на стариот шкофјелошки дијалект. Поделени се во 13 табели. Припаѓа на периодот на барокот и претставува најстарата сочувана режисерска книга во светот.[2] Ракописот на драмата го чува манастирот во Шкофја Лока.[3]
Претставата првично била поставена на Велики петок секоја година до 1751 година.[3] По речиси триста години, повторно е претставена во 1936 година како дел од изложба, а била обновена во 1999, 2000, 2009 и 2015 година. Првите две претстави ги режирал Марјан Кокаљ, а последната Борут Гартнер. Изведени биле од околу 640 актери и глумици аматери, меѓу кои и 80 коњаници. Табелите се поделени на 20 сцени. Националниот младински совет на Словенија на општина Шкофја Лока и додели специјално признание за волонтерскиот проект во 2010 година, откако општината организирала представа во претходната година.[4]
Во 2008 година претставата била регистрирана во словенечкиот регистар на нематеријално културно наследство. Претставата повторно била изведена во 2021 година. Ова е најголемата театарска претстава на отворено во Словенија.[2]
Нематеријално културно наследство
[уреди | уреди извор]Општина Шкофја Лока, заедно со Министерството за култура на Република Словенија во 2021 година, започнала подготовката на номинацијата на претставата во Шкофја Лока за вклучување во списокот на нематеријално културно наследство на УНЕСКО.[5] На 1 декември 2016 година била усвоена на состанокот во Адис Абеба. Ова е првиот пример на словенечко наследство на овој список.[6]
Галерија
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ogrin, Matija (2008). „Vprašanja tradicije Škofjeloškega pasijona. Ekdotična perspektiva“ [The Questions of the Traditions of the Škofja Loka Passion Play. The Ecdotic Perspective] (PDF). Slavistična revija (словенечки). 56 (3): 289–304.
- ↑ 2,0 2,1 „Prva postaja za uvrstitev Škofjeloškega pasijona na Unescov seznam“ [The First Step towards the Addition of the Škofja Loka Passion Play to the UNESCO's List]. MMC RTV Slovenija (словенечки). RTV Slovenija. 7 May 2012.
- ↑ 3,0 3,1 „Slovenia Seeking to Put Oldest Play on UNESCO Heritage List“. English Service: News. Slovenian Press Agency. 5 April 2011. Архивирано од изворникот на 18 април 2013. Посетено на 7 јуни 2021.
- ↑ „Best Volunteers and Projects for the Year 2009 Proclaimed“. National Youth Council of Slovenia. Архивирано од изворникот на 4 август 2012. Посетено на 7 јуни 2021.
- ↑ „Škofjeloški pasijon na Unescov seznam?“. rtvslo.si. Посетено на 7 јуни 2021.
- ↑ „Škofjeloški pasijon na Unescovem seznamu nesnovne dediščine“. rtvslo.si. Посетено на 7 јуни 2021.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Шкофјелошки пасион на Ризницата ?
- еПассион: Шкофјелошка претстава. Словенечка академија на наука и уметности.