Шемс Тебризи

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Шемс-и Тебризи)
Цртеж на Шемс Тебризи

Шемс Тебризи (Персиски: شمس تبریزی‎‎), или Шемсудин Мухамед (1185-1248)) — персиски муслиман кој се смета за духовен водач на Мевлане Џелалудина Мухамеда Балхија, познат како Руми. Шемс Тебризи е често спомнуван во Румиевиот поетски опус, особено во „Дивани на Шемс Тебризи“. Според преданието, Шемс 40 денови го подучувал Руми во изолација во Конија, а потоа побегнал во Дамаск. Гробница на Шемс Тебризи неодамна била номинирана за вклучување во списокот на Светско наследство на УНЕСКО.

Животопис[уреди | уреди извор]

Чинија рефлекција, рани 13. век. Музеј Бруклин.

Шемс се образувал во Тебриз и бил ученик на Бабе Кемалудина Џумдија. Пре да го запознае Руми, патувал од места до места, а се издржувал со плетуни корпи и продавање ремени. Постојат наводи дека Шемс дошол во Конија кога имал шеесет години, но разни стручњаци ги оспориле тие тврења.

Шемсовата прва средба со Руми[уреди | уреди извор]

На ден 15 ноември 1244 година, човек облечен во црно од глава до пети дошол во место за трговци за подавање шеќер во Конија. Неговото име било Шемс Тебризи. Тврдел дека бил трговец кој патува. Барал нешто што ќе најде во Конија. На крајот го нашол Руми како јава коњ.

Еден дан Руми седел до куп книги и читал. Шемс Тебризи на поминување го прашал што прави . Руми му одговорил потсмешно: "Нешто што ти не можеш да го разбереш." (Ова е со значење дека луѓето кои не се учат не можат да разберат.) Кога го слушнал тоа, Шемс целиот куп книги ги фрлил во базен со вода. Руми брзо ги спасил книгите, но на негово изненадување, сите книги биле суви. Руми го прашач Шемс како е тоа возможно, на што тој одговорил: "Мевлана, тоа е она што не можете да го разберете." (Ова е со значеше дека учените луѓе не можат да разберат ).

Во другата верзија од приказната, Шемс поминувал покрај Руми, кој читал книга приметил дека Руми на неги гледа како на необразован странец. Шемс го прашал Руми што прави, на што тој одговорил: "Нешто што ти не го ни разбираш!" Во тој момент, книгата одеднаш се запалил па Руми го прашал Шемса да му објасни што се слушилп. Тој му одговоирил: "Нешто што ти не го ни разбираш." ВО уште една верзија, нивната прва средба се случила на следниов начин : на пазар во Конија, Руми опкружен со својте ученици јавал на улица помеѓу тезги со памук и продавници со шеќер и зеленчук. Шемс го фатил неговото магаре за узда и безобразно му поставил прашање на учителот: „Кој е поголем мистик, Бајазит (суфијски свештеник) или Мухамед?“ Руми одговорил: „Какво чудно прашање! Мухамед е најголем од сите светци.“ А зошто тогаш Мухамед му рекол на Бог: "Не те познавав како што требаше.", додека Бајазит тврдел: "Нека ми е слава! Колку е возвишена мојата слава!" (тврдел дека е на позицијата на самиот Бог), прашал Шемс. Руми појаснил дека Мухамед бил поголем од нив двојца, бидејќи Бајазит можел да биде целосно исполнет со едно искуство на Божјиот благослов и целосно е изгубен, но Бог го обнови. Мухамедовиод капацитет бил неограничен и не барал Божја полната. Неговата желба била бескрајна, и секогаш сакал повеќе. Секоја секунда тој бил поблицку до Бог, жалејќи што претходно било оддалечен од него. Поради тоа рекол: "Не сум те познавал како што требало." Забележено е дека после овие размени на зборови Руми осетил како над неговата глава се отвора прозор и видел како чад крива до небото. Тој паднал на земјата и изгубил свест на сат време. Шемс кога ги слушнал овие одговори сфатил дека се нашал лице во лице со личност за која се молел Бога да му го прати. Кога Руми се освестил, Шемс ја земал неговата рака и тие двојца заедно отишле до Румијевото училиште.

После неколку години поминати со Руми во Конија, Шемс се преселили во Хоју. Како поминувал годините, Руми сè повеќе од својата поезија посветувал на Шемс во знак на љубов сpрема својот пријател и учител који си заминал. Во Румијевата поезија Шемс станал водич на Алаховата љубови срема човековиот род; Шемс бил сонце (Шемс на арапском значи Сонце) које свети сончева светлина за да го води по прав пат и ја растргува темнината во срцето на Руми, умот и телот на земјата. Изворот на Шемсовите учења било имама Алија ибн Аби Талиба који се вика и татко на суфизмот.

Смрт[уреди | уреди извор]

Гробот на Шемс Тебризи

Според современите суфијски традиции, Шемс Тебризи мистериозно исчезнал: неко зборуваат дека е убиен од страна на близок ученик Мевлан Џелалудин Румија који били љубоморни на пријателството помеѓу Руми и Шемса. Сепак, постојат многу докази деке тој ја напуштил Конија и умрел во Хоју каде е и погребан. Постои уште неколку локации за кој се тврди дека се неговиот гроб, една е во Мултан во Пакистан, а друга во оддалечениот регион Каракорум во северен Пакистан, во место кое се вика Зиарат, близу селото Шимшал. Румијовиот син во своите дела Валаднаме Маснави само спомнува дека Шемс мистериозно исчезнал од Коније, без прецизини детали.

Дискурс Шемс Тебризи[уреди | уреди извор]

Маузолеј на Шемс Тебризи

Дискурс Шемс Тебризи (Макалат-е Шемс-е Тебризи) е најважната книга во персиската проза. Се мислии дека ова книга е напишана во Шемсовите доцни години, бидејќи тој за себе прича како да е стар човек. Дело доносува мистично толкување на исламот и содржи духовен совет. Некои делови од Дискурсот овозможуваат увид во Шемсовите размислувања:

  • Благословот е вишок, вишок на се. Не задоволувајсе со тоа да бидеп факих (верски ученик), кажи сакам повеќе– повеќе од тоа да бидем суфија (мистик), повеќе од тоа да будам мистик – повеќе од сите работи кои доѓаат пред тебе.
  • Добариот човек не се жали на никого; тој не ги гледа маните.
  • Радоста е како чиста бистра вода; каде и да тече, расте чудесно цвеќе... Тагата е као црна поплава; каде и да тече, прави цвеќето да овене.
  • А персиски јазик, како се случило тоа ? Со толку елеганција и добрина, така што значењата и елеганцијата што ги наоѓаме на персискиот јазик не може да се најде на арапски јазик.

Шемс се припишува на персискиот и исламскиот свет на многу мистични стихови, полн со молитвено чувство, и со силна љубов кон имамот Али и неговите потомци. Некои стручњаци, како што е Габриел ван ден Берг од Универзитетот во Лајден, понекогаш поставувале прашања да сите овие стихови навистина потекнуваат од Шемса Тебризија. Сепак, подоцна стручњаците укажале на тоа дека би било подобро да се постави прашање дали можеби повеќе луѓе го користле името Шемс Тебризи. Ван ден Бергова сугерирал дека тоа е Румиев pсевдоним. Сепак, таа признава дека и покрај фактот што голем број песни кои му се припишуваат на Шемс содржи молитвен репертоар на исмаили од Бадахшан, огромното мнозинство од тоа не може да се најде во постоечките дела на Руми. Шафик Вирани од Универзитетот во Торонто забележал дека такво нешто наоѓал претходно во "Шемсовом ружичњаку" (Голзар-е шамс) од Мулукшаха, потомок исмаилија Пира Шемса, како и други дела.