Шарли Ебдо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Шарли Ебдо
Charlie Hebdo logo.svg
Лого на неделникот Шарли Ебдо
Тип сатирично неделно списание
Формат списание
Уредник Жерар Бијар
Основан 1970[1]
Политичка определба левичарско
Престанал 1981
Обновен 1992
Седиште Париз, Франција
Тираж 45.000[2]
ISSN 1240-0068
Страница charliehebdo.fr

Шарли Ебдо (француски: Charlie Hebdo, Неделник „Шарли“) — француски неделен сатиричен весник,[3] во кој се објавуваат карикатури, извештаи, полемики и шеги. Списанието е препознатливо по својот тон со кој не покажуваат никаква почит спрема религијата и строго неконформистички став. Се опишува себе си како силно антирасистичко, антиверско, и левичарско, па така често објавува статии против крајната десница, религијата[4] (католицизмот, исламот, јудаизмот), политиката, културата итн. Според поранешниот уредник Стефан Шарбонје „Шарб“, уредничката гледна точка на списанието е да ги одразува „сите компоненти на плурализмот на левото крило, па дури и апстинентите“.[5]

Списанието било мета на два терористички напади, еден во 2011 и еден во 2015 година, за кои се претпоставува дека се одговор на објавувањето на голем број на контрoверзни карикатури со пророкот Мухамед. За време на вториот напад, 12 лица беа убиени, вклучувајќи го и Шарбонје и неколкумина новинари (карикатуристи).

Напад на редакцијата[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Пукање во „Шарли Ебдо“.

Нападот на редакцијата на неделникот Шарли Ебдо се случил на 7 јануари 2015 година околу 11:30 часот по средноевропско време, кога двајца маскирани напаѓачи, вооружени со автоматски пушки, упаднале во седиштето на француското сатирично списание „Шарли Ебдо“ во Париз.[6] Во текот на нападот загинале 12 луѓе, вклучувајќи десет вработени и два припадници на полициските сили, а раниле 11 други луѓе.[7][8]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. McNab 2006, стр. 26: "Georges Bernier, the real name of 'Professor Choron', [... was] cofounder and director of the satirical magazine Hara Kiri, whose title was changed (to circumvent a ban, it seems!) to Charlie Hebdo in 1970."
  2. „"Charlie Hebdo" triple ses ventes avec les caricatures de Mahomet“ (на fr). L'Obs. 4 октомври 2012. http://tempsreel.nouvelobs.com/medias/20121004.OBS4594/charlie-hebdo-triple-ses-ventes-avec-les-caricatures-de-mahomet.html. посет. 9 јануари 2015 г. 
  3. Charlie Hebdo: first cover since terror attack depicts prophet Muhammad“, 13 јануари 2015 (посет. 13 јануари 2015 г).
  4. Charb. „Non, "Charlie Hebdo" n’est pas raciste !“. Le Monde. http://www.lemonde.fr/idees/article/2013/11/20/non-charlie-hebdo-n-est-pas-raciste_3516646_3232.html. посет. 4 март 2014 г. 
  5. «Charlie Hebdo, c'est la gauche plurielle» [archive] sur lecourrier.ch 9 April 2010
  6. „BBC News – Charlie Hebdo: Major manhunt for Paris gunmen“. BBC News. http://www.bbc.com/news/world-europe-30719057. посет. 8. 01. 2015. г. 
  7. „Gun attack on French magazine Charlie Hebdo kills 11“. BBC News. 7. 1. 2015.. http://www.bbc.co.uk/news/world-europe-30710883. посет. 8. 1. 2015. г. 
  8. Charlie Hebdo attack: 12 dead in Paris, manhunt on“, CNN (посет. 8. 01. 2015. г).