Чупакабра
Чупакабра (шпански: Chupacabra) — легендарен криптид за кој се зборува дека живее во деловите на Америка, а први забележувања се јавиле во Порторико.[1] Името доаѓа од зборовите chupar (цица) и cabra (коза), по наводната навика на животното да напаѓа и пие крв од добитокот, особено козите.
Опис
[уреди | уреди извор]Физички описи на суштеството се разликуваат. Се раскажувало дека тоа е тешко суштество, со големина на мала мечка со низа од боцки кои се движат од вратот до коренот на опашката.
Настани
[уреди | уреди извор]Први сведоци кои тврдат дека го виделе оваа суштество го виделе во Порторико во 1995 година, а забележувања на овој вид подоцна се пријавувани сè до Мејн на север и до Чиле на југ, па дури се тврди дека оваа суштество е забележано и надвор од Америка, во државите како што се Русија и Филипини, но многу од овие сведочења се отфрлени како неосновани или без докази. Видувањата во северно Мексико или југот на САД се верификувани како примери на забележувања на животни од семејството кучиња кои биле болни од шуга.[2] Биолозите ја сметаат чупакабра за модерна легенда.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ јануари html „Illegal Immigrants Frightened by Raid Rumors; George Bush: "The Decider"; "Happy Slapping"“ Проверете ја вредноста
|url=
(help). CNN. 2 мај 2006. Посетено на 5 октомври 2007.[мртва врска] - ↑ Radford, Benjamin. 2011. Tracking the Chupacabra: The Vampire Beast in Fact, Fiction and Folklore. ISBN 978-0-8263-5015-2.
- ↑ Miried Gonzalez Rodriguez. Dizfrazado el chupacabras (шпански). Puerto Rico: Primera Hora.
Литература
[уреди | уреди извор]- Miried Gonzalez Rodriguez. Dizfrazado el chupacabras (шпански). Puerto Rico: Primera Hora.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Приказна на чупакабра
- Решена е мистеријата за чупакабра Архивирано на 20 ноември 2012 г.