Чуварот на плажата во зимскиот период

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Чуварот на плажата во зимскиот период“ (српски: Чувар плаже у зимском периоду) — филм на режисерот Горан Паскаљевиќ од 1976 година, снимен по сценариото на Богдан Јовановиќ и Гордан Михиќ. Во главните улоги настапуваат: Ирфан Менсур, Гордана Косановиќ, Данило Бата Стојковиќ, Мира Бањац и Дара Чалениќ.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Едно момче, кое одраснало во лошиот брак на своите родители, сака да започне нов живот. Тој го завршува училиштето, но нема можност да се вработи, па затоа прифаќа да работи како чувар на плажата во зимскиот период. Набргу, се жени со саканата девојка, верувајќи дека љубовта ќе му овозможи да ги преброди сите тешкотии, но животот му се влошува: го напушта жената, умира татко му и така, тој е ставен пред нов почеток, но сега оптоварен со голема горчина.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]