Чедомир Димитријевиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Чедомир Младен Димитријевиќ ( 1921 во Берово1943 во ) — македонски и југословенски партизан, борец за слобода на Југославија, учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Се доселил во Скопје и работел како службеник. По капитулацијата на бивша Југославија, бугарските фашистички окупатори го протерале од Скопје во Србија. Од првите денови на оруженото востание, активно ја помагал борбата против окупаторот. Неговата дејност била откриена ѝ во 1942 година бил затворен од злогласната специјална полиција од чии раце успел да избега и да се приклучи во Косовскиот партизански одред. Во состав на истиот учествувал во повеќе борби, во кои се истакнувал како храбар партизан. Во февруари 1943 година во една борба против непријателот, храбро загина.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 296. На |first= му недостасува |last= (help)