Прејди на содржината

Црн руски териер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Црн руски териер
Русский Чёрный Терьер
Црн руски териер
Други називи Црн Териер
Руски шнауцер
Руски црн Териер
Прекари BRT (Black Russian Terrier што значи на македонски Црн руски териер)
Потекло СССР
Особености
Тежина Мажјак 40 - 68 кг
Женка 36 - 65 кг
Висина Мажјак 66 - 72 cm
Женка 64 - 70 cm
Крзно Крзно со густи, рапави и груби влакна
Боја Црна (по тоа и го добива името);некои имаат по некои сиви/бели влакна на гребенот
Животен век 11-13 години
куче (Canis lupus familiaris)

Црн руски териер (или едноставно BRT/ЦРТ) е раса на куче највеќе користено како куче чувар и полициско куче. Многу е ретко ова куче надвор од неговата татковина и сè уште има народи за кои немаат слушнато за него.

Историја на потекло

[уреди | уреди извор]

Црниот руски териер е специјално направена раса на куче по наредба на Сталин. Во тоа време СССР барала начин да направи идеална раса на куче кое ќе служи на целата армија. Професионални генетичари направиле план како да направат куче кое ќе ги содржи сите потребни одлики на едно куче што всушност ни дава идеално куче. Затоа генетичарите ги собрале едни од најдобрите кучешки раси и го направиле овој териер. Генетичарите ги користеле следниве раси на кучиња: ерделски териер, ротвајлер, њуфаундлендер, џиновски шнауцер, стандарден шнауцер и др. Кога сите овие кучиња биле генетски споени добиле црн руски териер. Овој териер благодарение на 5 раси кој се „во него“ добил можност: да биде многу брз, доста агресивен кога треба, да плива одлично благодарение на специјалните додатоци помеѓу прстите на нозете кои ги имаат и жабите, да има многу влакна што всушност било корисно во Русија каде е цело време ладно, доста развиениот мозок итн.

Одлики и опис

[уреди | уреди извор]

Глава, сетила и заби

[уреди | уреди извор]

Црниот руски териер во главно е цврсто, високо и силно куче. Тоа има долга глава, релативно тесна на темето и заоблена во деловите на јаболкницата. Челото му е рамно, стопот му е изразен, муцката му е силна, а задниот дел на носот му е прав. Брадата на муцката и дава неполн изглед на главата, усните пак се меснати и се затвораат добро. Црниот руски териер има прекрасни очи но поради влакната на главата неговите очи се добро скриени и невидливи на голо око. Како и да е тоа има мали очи, овални, кои се поставени косо и се темнообоени. Што се однесува до ушите има високо вкоренети уши, превиткани, сразмерно мали и триаголни, надворешните рабови лежат на образите. Има цврсти бели заби и вилици во вид на ножици.

Тело и екстремитети

[уреди | уреди извор]

Има долг, цврст и слаб врат. Телото му е доста широко и малку заоблено, слабините му се широки и полека опаѓаат. Предните нозе му се прави и паралелни, исто како и задните, кои се малку поодалечени една од друга и имаат силни горни делови на бутовите, долги се и се поставени косо наназад. Има големи и тркалезни шепи со истакнати перничиња. Перничињата на шепите не се многу чувствителни. Има високо вкоренета, силна и кратко пресечена опашка, во должина од третиот до четвртиот пршлен.

Естетски изглед

[уреди | уреди извор]

Има густи рапави влакна кои лежат добро, долги до 10см, на муцката и на брадата формираат брада, а на вратот и на гребенот еден вид грива. Предните нозе под лактите, а задните под колената се прекриени со подолги и со погруби влакна. Што се однесува до бојата овие териери се исклучиво црни. По тоа и го добиваат името, некои кучиња пак на грбот имаат бели или сиви влакна кои почести се кај мажјаците а поретки кај женките. Оваа појава е и повеќе од нормална и тоа незначи дека се болни или како што некои луѓе заклучуваат стари. Почести се кучињата со бели или сиви влакна на грбот. Висината на гребенот на мажјакот е 66-72 см, а на женката е 64-70 см. Индексот на формата на телото е 100:105. Црниот руски териер тежи околу 36-65 килограми.

Карактер

[уреди | уреди извор]

Црните руски териери се самоуверени, смирени, високо интелигентни, храбри и лојални. Како и да е, без правилен тренинг и социјализација, тие можат да станат агресивни. Никогаш не треба да бидат срамежливи и уплашени и нема да се двоуми да ги одбрани луѓето што ги сака и почитува ако почувствува дека се во опасност. Овие кучиња можеби изгледаат повлечени, но потребно им е човечко внимание и длабоки врски кон нивното семејство. Претпазливи се кон странци и им треба подолго време да се опуштат пред непознати луѓе, што значи дека овие кучиња можат да бидат одлични чувари. Црните руски териери се доминатни по природа и им е потребен самоуверен тренер со искуство на одгледување слични кучиња.

Црните руски териери се користени за различни работи, како на пример за кучешки картинг

Црниот руски териер, поради својата раса како куче работник, има многу цврста „работничка етика“ и му е потребан некоја работа да работи за да биде среќно. Раниот тренинг е нешто што мора да се направи, а ако тој тренинг не се изведува тогаш нема да може да се постави таа врска да одгледувачот биде тој што доминира и уште една причина да се тренира ова куче е бидејќи е огромно и е голема штета ако не се дресира. Тие покажуваат инзворедни резултати ако видат упорност кај тренерот, издржливост, решителност, цврстина, стабилност и солидност. Тие се многу добри во константен тренинг и одлични во натпревари за послушност. Тие исто така се покажуваат добри и во други кучешки спортови, како натпреварот за бистрост и за заштита. Потребно е почесто да се капат за разлика од други кучиња. Треба да се чешлаат и да им се одржува фризурата барем еднаш неделно. Многу им е потребно вежбањето и можат да станат многу хиперактивни и лути ако немаат каде да ја потрошат енергијата.