Њуфаундлендер

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Њуфаундлендер
Newfoundland brown.jpg
кафеав њуфаундлендер
Прекари Њуф, Њуфл, Нежниот џин
Потекло Канада / Англија
Особености
Тежина Мажјак 65–80 кг
Женка 50–70 кг
Висина Мажјак 75 цм (30 инчи)
Женка 68 цм (27 инчи)
Крзно густо и право
Боја црна, кафена, со црно-бели риги и сива (најретка)
Окучува 4–12 малечки
Животен век 8–10 години [1]
куче (Canis lupus familiaris)

Њуфаундлендер е раса на куче. Една од првите намени на ова куче било влечење на тежок товар, иако главна улога имаат при работа во близина на вода. Им помагале на рибарите при извлекување на мрежата од морето, и работејќи ја оваа работа се покажале како одлични чувари во вода и дошол до израз нивниот инстинкт како спасител. Во овие услови се оформил карактерот на оваа раса и луѓето со воодушевување го одгледувале ова племенито, храбро и интелегентно куче. Неговиот инстинкт на спасител треба да се насочува преку обука за да може да сфати дека секое капење не е и давење.[1]

Карактеристики[уреди]

Поради својот урамнотежен и стабилен карактер, идеален е како семејно куче. Без проблем може да живее со други кучиња, па и со мали раси кон кои е посебно нежен и внимателен. Њуфаундлендерот е најсреќен во близина на својот господар и многу тешко ги поднесува дури и најкратките одвојувања. Англиската раса њуфаундлендери се големи кучиња со потекло од островот Њу Фаундленд. Служат за спасување на давеници и се одлични чувари.[2]

Наводи[уреди]

  1. Bonewatch: The doggy lifeguards that leap from helicopters to save stranded swimmers“, Daily Mail, 27 август, 2010 (конс. 15 јануари, 2011).
  2. American Kennel Club (31 јануари, 2006). „The complete dog book“. Random House Digital, Inc.. стр. 349–350. ISBN 978-0-345-47626-5. http://books.google.com/books?id=NqXaduT6Ak0C&pg=PT349. 

Литература[уреди]

Надворешни врски[уреди]