Ротвајлер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Rottweiler
Rottweiler3.jpg
Прекари Rott
Rottie
Потекло Germany
Особености
Висина Мажјак 61–69 cm (24–27 ин)
Женка 56–63 cm (22–25 ин)
Крзно Double coated, Short, hard and thick
Боја Black and tan or black and mahogany
Окучува average 8 to 12 although larger litters are known
Животен век 9–12 years
куче (Canis lupus familiaris)


Ротфајлерот ,кој потекнува од Ротфајл,Германија;е раса на домашно куче со средна до крупна големина.Кучињата биле познати како „Ротфајлер кучиња-касапи“(германски:Rottweiler Metzgerhund)бидејќи биле користени за чување на стока и за влечење натоварени запрежни коли со месо и други производи за пазарот.Некои податоци покажуваат дека првите Ротфајлери биле користени за ловење иако современиот Ротфајлер има релативно слаб ловечки инстинкт.Ротфајлерот бил користен (пред се во неговата првобитна,горенаведена улога) се’ до средината на 19 век кога носењето стока на пазарот со запрежни коли било заменето со железнички пруги.Додека во минатото Ротфајлерите биле користени за чување на стоката,сега тие се користат за истраги и спасувања,како кучиња-водичи за слепите луѓе,како полiциски кучиња-чувари и за други намени.


Историја[уреди]

Како променлива раса која во последно време е користена за многу намени,Ротфајлерот е познат како најстарата раса на кучиња за чување на стоката.Ротфајлерот е способен да чува каква било стока во различни услови. Историјата на оваа раса кучиња потекнува дури од Римското Царство.Во тоа време,Романската легија патувала со своето месо и и’ била потребна помош од кучиња кои би ја чувале стоката.Еден ден,војската патувала преку Вутенбург до малиот пазарски град Ротвајл.Се верува дека предците на првите Ротфајлери во ова време,биле Римските кучиња-чувари на стока,кучиња кои војската ги сретнувала додека патувала и кучиња со налик на молосер(вид куче) кои потекнуваат од Англија и Холандија. Ова место стана важна сточна област и потомците на римските кучиња-чувари на стоката ја докажаа својата успешност во заштитување на стоката од разбојници и диви животни.Се верува дека Ротфајлерите ги придружувале касапите на пазарите во времето на средниот век за да ги чуваат вреќичките со пари кои биле врзани околу нивните вратови.Во меѓувреме,додека железничките пруги станаа основен начин на пренесување на стоката на пазарите,расата се намалила толку драстично што во 1900 имаше само една женка-Ротфајлер во Ротвајл. Со почетокот на Првата Светска војна,започна големата побарувачка на полициски кучиња што доведе до оживување на интересот за Ротфајлерот.За време на Првата и Втората Светска војна,Ротфајлерите имаа неколку улоги:гласници,кучиња за укажување прва помош и кучиња-чувари. Германскиот клуб за Ротфајлери ГКР(Deutscher Rottweiler-Klub -DRK)е првиот клуб за Ротфајлери во Германија,основан на 13 Јануари 1914 година и проследено со создавањето на Јужно германскиот клуб за Ротфајлери ЈГКР(Sueddeutscher Rottweiler klub -SDRK)на 27 април 1915 година,стана Меѓународен клуб за Ротфајлери(Internationall Rottweiler Klub).ГКР броеше околу 500 Ротфајлери додека ЈГКР 3000 Ротфајлери.Идеите на двата клуба беа различни.ГКР се стремеше кон создавање работни кучиња и не ја истакнуваше морфологијата на Ротфајлерот. Различните Германски Ротфајлер-клубови во 1921 година се соединија да го создадат Главниот Германски Ротфајлер клуб-ГГРК(Allgemeiner Deutscher Rottweiler Klub ADRK).Ова беше официјално заведено во регистарот на клубови и здруженија под окружниот суд на Штудгард на 27 јануари 1924 година.ГГРК е признает насекаде во светот како домашен клуб на Ротфајлерот. Во 1935 година,Американскиот Кенел клуб официјално го призна Ротфајлерот.Во 1936,Ротфајлерите беа изложени во Британија на Крафтс-Crufts(Годишен меѓународен шампионат за изложба на кучиња).Во 1966 година,за оваа раса беше отворен посебен регистар.Всушност,во средината на 1990те години,популарноста на оваа раса го достигна врвот со што беше најрегистрираната раса на Американскиот Кенел клуб.


Физички опис[уреди]

Кучињата од расата Ротфајлер поседуваат огромна сила,имаат црно крзно со јасно дефинирани кафеави шари чија моќна појава асоцира на племенитост и тие се исклучително погодни за да бидат нечиј придружник,нечие помошно и работно куче. Анатомија на Ротфајлерот

  1. Глава(очи)
  2. Муцка(заби,јазик)
  3. Подбрадок(грло,кожа на вратот)
  4. Рамо
  5. Лакт
  6. Предни нозе
  7. Највисоката точка на крстот
  8. Нога(бутина и колк)
  9. Скочен зглоб
  10. Задни нозе
  11. Плешка
  12. Зглобот на задните нозе
  13. Шепи
  14. Опашка

Глава[уреди]

Черепот е со средна должина,кој се протега помеѓу ушите.Линијата на челото е умерено заоблена,гледано од страна,со добро дефинирана тилна коска. Носот на Ротфајлерот е добро развиен,повеќе е широк отколку заоблен со релативно големи ноздри и секогаш е црн.Муцката е ниту издолжена ниту кратка во однос на кранијалниот регион.Почетниот дел на носот(кој се наоѓа меѓу очите) е широк и умерено заострен. Усните се црни,а непцата треба да се што поцрни. Горната и долната вилица се силни и широки.Според стандардите на ФЦИ(FCI),Ротфајлерите треба да имаат силна и целосна забна конституција (42 заба) со загриз налик на ножици односно горните секачи блиску да ги поклопуваат долните. Коскестиот дел кој се наоѓа под очите треба да е нагласен.Очите треба да се со средна големина во облик на бадем и со темно кафеава боја.Очните капаци се затвораат правилно. Ушите се средни по големина,висат,триаголни по форма,одвоени едно од друго и поставени високо на главата .Кога ушите се положени напред до главата,черепот изгледа проширен. Кожата на главата е релативно затегната,но додека кучето е вознемирено,може да биде малку збрчкана.

Врат[уреди]

Вратот е силен,со нормална должина,мускулест,малку заоблен и без подбрадок.


Тело[уреди]

Грбот е прав,силен и цврст.Слабините се кратки,цврсти и длабоки.Задницата е широка,со средна должина и малку заоблена.Градите се пространи,широки и длабоки и добро развиени(приближно 50% од висината на рамениците) со добро заоблени ребра.

Опашка[уреди]

Опашката на Ротфајлерите се купира.Купирањето е забрането во многу држави,но истотака е и легално во некои .Некупирана опашка на Ротфајлерот е во продолжението на нагорната линија на грбот,а може и да виси.Опашката може да биде свиткана како буквата „С“-наопаку.


Екстремитети[уреди]

Гледано однапред,предните нозе на Ротфајлерот се прави и не се поставени блиску една до друга.Подлактицата ,гледано од страна,е права и вертикална.Наклонот на плешката е 45 степени.Рамениците се добро поставени наназад.Подлактицата е цврсто развиена и мускулеста. Шепите се затегнати и добро заоблени,перничињата (делот под шепите) се тврди,ноктите се кратки,црни и цврсти. Гледано одзади,задните нозе се прави,но не многу блиску една до друга.Кога кучето стои слободно,помеѓу горниот бут и коската на колкот,помеѓу горната и долната бутина и помеѓу долната бутина и метатарсалот(коската на шепата) се формира агол помеѓу 90 и 180 степени.Горната бутина е умерено долга,заоблена, црвста и мускулеста.Долната бутина е долга,цврста,заоблена,мускулеста и еластична.Скочните зглобови се цврсти.Задните нозе на кучето се малку подолги од предните.Прстите се цврсти,заоблени и затегнати како предните прсти.


Од(Држење)[уреди]

Ротфајлерот е куче кое каса.Кога се движи,грбот е цврст и релативно стабилен.Движењето на кучето е хармонично,стабилно,енергично и во континуитет.


Крзно[уреди]

Крзното се состои од површинско крзно и подкрзно.Површинското крзно е со средна должина,грубо,густо и рамно.Подкрзното не смее да се гледа преку површинското крзно.Влакната се малку подолги на задните нозе.Ротфајлерите кои живеат на места со топла клима може да се навикнат на климатските услови и да немаат подкрзно.Ротфајлерите имаат големи периоди на митарење пред нивните периоди(женка) или повремено(мажјак) иако општо земено,крзното на Ротфајлерот е лесно за одржување.


Големина[уреди]

Според стандардите на ФЦИ(FCI)„средна/голема“ раса треба да изнесува 61-68 сантиметри мерено до највисоката точка на грбот за мажјаци, 55-63 сантиметри за женки и тежината треба да изнесува околу 50-59 килограми (тежина во однос на висина)за мажјаци и околу 41-47 килограми(тежина во однос на висина)за женки.

Темперамент[уреди]

Според стандардите на ФЦИ,Ротфајлерот е добродушен,многу посветен,послушен и со голема желба за работа.Неговата појава е природна и рурална,а нивното однесување е самоуверено,смирено и бестрашно.Ротфајлерот реагира на неговото опкружување многу внимателно.Американскиот Кенел клуб( The American Kennel Club) вели дека Ротфајлерот е всушност мирно,самоуверено,храбро и повлечено куче кое не се впушта во моментални и неселективни пријателства.Ротфајлерот е самоуверено куче кое реагира мирно и со смирен став кон влијанијата на животната средина.Тоа има огромна желба да го заштитува домот и фамилијата и е интелигентно куче со екстремна цврстина и прилагодливост и огромна спремност за работа,со што тоа е одличен придружник,чувар и општо земено-куче за сите намени. Ротфајлерите се моќна раса со добро развиени генетски инстинкти за чување.Како кај секоја друга раса,Ротфајлерите можат да бидат опасни кога не се соодветно чувани од сопствениците,злоупотребувани,занемарувани или не се доволно социjализирани или тренирани.Сепак,извонредната сила на Ротфајлерите е дополнителен фактор на ризик кој не треба да се занемарува.Според ова,експертите за кучешки раси препорачуваат интензивен тренинг и социјализација за сите Ротфајлери.Според АКЦ(AKC),Ротфајлерите ги сакаат своите сопственици и можно е да се однесуваат будалесто кон нив,но тие се заштитнички настроени на нивната територија и не посакуваат најтопло добредојде на странци се’ додека не ги запознаат добро.Задолжително е послушност,тренинг и социјализација. Расата има негативен публицитет.Во извештај на ЦДС( Centers for Disease Control and Prevention -CDC )во Соединетите Држави од 1997 година,Ротфајлерот беше на второто место за фатални човечки напади,по Пит Булот.Во 2008 година,членови на клубот за истражување на расата открија дека Ротфајлерите се просечно агресивни (зa каснување или обид за каснување)кон сопствениците или други кучиња што покажува дека тие се поагресивни во просек кон странци.Оваа агресија не се појавува од страв на кучето туку со територијалните инстинкти.


Работен стил[уреди]

Според Американскиот Кенел клуб,Ротфајлерите имаат природен стил за групирање(пример:група животни) и силна желба за контрола. Имаат голема способност за заплашување. Ротфајлерот често ја држи главата еднакво со грбот или ја држи главата нагоре додека вратот и рамената се малку наведнати.Некои женки го наведнуваат целиот преден крај.Мажјаците го имаат истиот став додека работат на отворен простор.Ова ретко се гледа кај мажјаците кога работат во затворен простор како на пример во дворови со стока. Ротфајлерот има одговорна,добра и природна рамнотежа,лае кога е неопходно и додека ја чува стоката настапува многу застрашувачки.Постои природна промена во енергичноста кога се работи за чување стока.Додека ја чува стоката,Ротфајлерот ги користи телото и рамениците и поради тоа треба да се внимава кога се работи за стока со рогови. Додека ја чува стоката,Ротфајлерот го пронаоѓа најдоминантното животно и го предизвикува.Откако ќе докаже дека е подоминантен се повлекува и продолжува со работата. Некои одгледувачи открија дека Ротфајлерите се особено погодни за поместување тврдоглава стока со што тие ги игнорираат кучињата Бордер Колис,Келпис и други. Во некои случаи,Ротфајлерите започнале со чување стока без предходно искуство.Ако Ротфајлерот ја чува истата стока подолг период,кучето се обврзува со стоката и станува доста приврзан за истата.


Здравје[уреди]

Ротфајлерите се релативно здрава раса.Како за повеќето големи раси,дисплазија на колкот може да претставува проблем.Затоа,голем број на клубови за расата Ротфајлер имаат ренгенски тестирања за кучињата.Состојбата која ги погодува зглобовите на рамениците- Osteochondritis Dissecans е исто така проблем кој се јавува кај оваа раса при брзиот раст. Тие исто така треба да имаат сертификати дека нивните расни кучиња немаат entropion или ectropion со што кучињата ќе имаат целосна и комплетна дентиција со загриз налик ножици.Како кај било која раса,присутни се наследните болести.Поради претераното размножување во последно време кај овие кучиња ,ракот стана еден од водечките болести за рана смрт кај ротфајлерите.Од непознати причини,Ротфајлерите се поподложни на Parvovirus(многу заразна и смртна болест кај кутрињата и младите кучиња)од другите раси.Parvovirus може лесно да се спречи со препорачано вакцинирање од ветеринар. Кога ротфајлерите се пренајадувани проследено со мала активност,тие се склони кон дебелеење.Дел од последиците на дебелината кај ротфајлерите можат да бидат многу сериозни вклучувајќи артритис,потешкотии со дишењето,дијабетис,срцева слабост,проблеми со репродуктивноста,болести на кожата,намалена отпорност на болести и поголема телесна топлина предизвикана од дебелиот слој масти под кожата.



Медиумско претставување[уреди]

Претставувањето на Ротфајлерите како лоши кучиња во неколку играни филмови и ТВ серии,особено во филмот-Омен(The Omen) беше само дополнителен негативен публицитет.Ова доведе до забрана на кучињата во некои градови и тие понекогаш се сметаат за опасни кучиња со законодавство како на пример во Холандија,Полска,Португалија и Република Ирска.Сепак,холандскиот закон е сменет од 2008 година.Од друга страна,дел од актуелните медиуми ги претставуваат Ротфајлерите како добри кучиња:на пример,понежната страна на Ротфајлерот беше прикажан во филмот „Смртоносно оружје 3“(Lethal weapon 3) каде главниот лик(Мел Гибсон) го смири кучето чувар на операција за криумчарење на оружје со закуска за куче.Кучето веднаш потоа беше спасено и посвоено од главниот лик.Исто така,во серијата „Амбиент“(Entourage)Ротфајлерот-Арнолд е сакано домашно милениче на главните ликови.Националниот шампион на Советот за Ротфајлери(Австралија) и двојниот шампион(за следење)Гудисвеј Баско(Goodiesway Basko) (AI)CDX ET TSDX PT го глуми милото семејно куче Кухо и гласот на официјалната веб страна на ТВ сериите Кет и Ким (Kath and Kim).Јунакот на сликовницата „Добро куче,Карл“ (Good dog,Carl) и нејзините продолженија е Ротфајлер кој е доста позитивно претставен како нежен,внимателен,заштитнички и интелигентен чувар на членовите на фамилијата. Во ТВ серијата „Човечка цел“ Ротфајлерот Кармин(Симба)е лојалниот домашен миленик на главниот лик Кристофер Ченс кој го посвои кучето по убиството на неговиот прв сопственик.Името на кучето Кармин потекнува од Кармин Инфантино,еден од основачите на првите стрипови за „Човечка цел“. Во случај,кој медиумите го прикажаа насекаде во светот,две годишниот Ротфајлер од Велика Британија-Џејк чиј сопственик е Лиз Макстед беше признат по својата храброст од РСПЦА(RSPCA).Кучето беше на прошетка со својот сопственик кога слушнаа вресоци.Џејк почна да го брка човекот кој малтретираше жена на Херсал Комон,Британија,во јули 2009 година.Кучето ги пронајде напаѓачот и неговата жртва ,го избрка напаѓачот,го донесе сопственикот на местото и стражареше до жртвата додека дојде полицијата.Напаѓачот го осудија за сериозен сексуален напад на 4 години затвор.Полицијата го номинира Џејк за награда за храброст и медал по инцидентот. Дет Кон Клив Лефтвич од Британската полициска станица,изјави:„Од наша гледна точка,Ротфајлерот Џејк запре сериозен сексуален напад да не прерасне во нешто полошо.“