Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Трново

Координати: 41°2′37″N 21°15′2″E / 41.04361° СГШ; 21.25056° ИГД / 41.04361; 21.25056
Од Википедија — слободната енциклопедија
Успение на Пресвета Богородица
македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Кукуречанска
Местоположба

Карта

Координати 41°2′37″N 21°15′2″E / 41.04361° СГШ; 21.25056° ИГД / 41.04361; 21.25056
Место Трново
Општина Битола
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица Марија
Изградба 1837/1854
1926/1928 - 1934 (обнова)
Архитектонски опис

Успение на Пресвета Богородица (или Св. Богородица) — црква во битолското село Трново, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Битолското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.

Црквата е гробишен храм, сместен во источниот дел на селото. Според еден извор, изградена е во 1837[1], а според друг во 1854 година. За време на Првата светска војна на подрачјето се воделе жестоки битки и црквата била уништена. Вредниот иконостас е демонтиран од бугарски војници со намера да го однесат во Бугарија. Сепак, нивната намера не успеала и тој е подоцна откриен и пренесен во храмот „Св. Богородица“ во Битола.

Во 1926/1928 г. мештаните започнале со обнова на црквата со средства од воена оштета и доброволни прилози од Битолско. Обновата е завршена во 1934 г.[2]. Новиот иконостас е изработен од мијачкиот мајстор Нестор Алексиев Мирчевски од Гари со своите синови, а во 1962 година доградена и камбанаријата како подарок од Џон Спиро, битолски иселеник во САД.

Во црковниот двор се одржуваат средби на иселеници од Егејска Македонија и на оние во прекуоканските земји и Европа.[3][4]

Слики[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Битола во минатото, црква св. Богородица с.Трново“. Бабам Битола. 28 август 2017. Посетено на 17 декември 2021.
  2. „Трново“. Мој Роден Крај. Архивирано од изворникот на 2017-12-08. Посетено на 11 ноември 2017.
  3. „Цркви и манастири во Националниот парк Пелистер“. Bitola Tourist Info. Архивирано од изворникот на 2017-09-11. Посетено на 11 јуни 2017.
  4. „Св. Богородица село Трново“. Bitola.info. Посетено на 12 јануари 2020.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]