Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Здралци

Координати: 40°27′49″N 21°18′36″E / 40.46361° СГШ; 21.31000° ИГД / 40.46361; 21.31000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Успение на Пресвета Богородица
Κοιμήσεως της Θεοτόκου
Икона на Исус Христос од владичкиот престол, XIX век
Карта
40°27′49″N 21°18′36″E / 40.46361° СГШ; 21.31000° ИГД / 40.46361; 21.31000
МестоЗдралци, Костурско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Изградба1820 - 1830
Управа
Архијерејско намесништвоРупишко
ЕпархијаКостурска

Успение на Пресвета Богородица (грчки: Ναός της Κοιμήσεως της Θεοτόκου) — црква во селото Здралци, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија и претставува енориска црква на Рупишкото архијерејско намесништво.[1]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Црквата се наоѓа на јужниот крај на селото.

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата е најстариот храм на Здралци по гробишната црква „Св. Никола“, каде било старото место на селото. По постепеното преместување на селото на сегашното место на крајот од XVII и почетокот на XVIII век, околу 1820 – 1830 г. за време на поп Јован (родоначалникот на семејството Попјаневи, грч. Папајоану) е изградена црквата „Успение на пресв. Богородица“. Годините 1820 – 1830 се обележани на нов натпис на храмот. Црквата е реновирана во 2001 г. за време на попот Николас Димитријадис.[1]

Храмот има вреден делумно резбан иконостас со преродбенички икони и царски двери.[1]

Свештеници на храмот[уреди | уреди извор]

Сите свештеници освен најновите двајца биле етнички Македонци.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Εορταστικές Εκδηλώσεις στην Παναγιά για 15η Αυγούστου 2019 - Αμπελόκηποι Καστοριάς“. Αμπελόκηποι Καστοριάς. 17 август 2019. Посетено на 25 јануари 2023.
  2. „Οι Παπάδες μας: Οι Ιερείς των Αμπελοκήπων Καστοριάς“. Αμπελόκηποι Καστοριάς. Посетено на 27 јануари 2023. Занемарен непознатиот параметар |дате= (help)