Црква „Собор на Дванаесетте Апостоли“ - Авдамал

Координати: 40°57′18.2″N 23°25′17.2″E / 40.955056° СГШ; 23.421444° ИГД / 40.955056; 23.421444
Од Википедија — слободната енциклопедија
Собор на Дванаесетте Апостоли
Αγίων Αποστόλων
Карта
40°57′18.2″N 23°25′17.2″E / 40.955056° СГШ; 23.421444° ИГД / 40.955056; 23.421444
МестоАвдамал, Нигритско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Завршена1836
Управа
Архијерејско намесништвоНигритско
ЕпархијаСерско-нигритска

Собор на Дванаесетте Апостоли (грчки: Σύναξη των Αγίων Δώδεκα Αποστόλων) — црква во селото Авдамал, Нигритско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Црквата е изградена во 1836 г. како гробишен храм во јужниот дел на селото. Во 1850 г. е опожарена и обновена во 1856 г. Има вреден живопис од средината на XIX век,[2] дело на мијачките зографи Христо, Исаија, Кузман и Серафим Фрчковски.[3]

Во парохијата влегува и храмот „Св. Јован Претеча“.[2]

Во 1984 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „ΥΑ ΥΠΠΕ/ΑΡΧ/Β1/Φ37/58764/1308 π.ε./5-1-1984 - ΦΕΚ 200/Β/2-4-1984“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-06-19. Посетено на 30 октомври 2014.
  2. 2,0 2,1 „Ιερός Ναός Σύναξις 12 Αποστόλων“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 3 ноември 2014.
  3. Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуство. стр. 216.