Црква „Св. 40 Маченици“ - Сер
| Свети 40 Маченици | |
|---|---|
| Αγίων Σαράντα Μαρτύρων | |
![]() | |
| 41°4′50.7″N 23°33′14.4″E / 41.080750°N 23.554000°E | |
| Место | Сер |
| Земја | Егејска Македонија, Грција |
| Вероисповед | Цариградска патријаршија |
| Архитектура | |
| Архит. тип | крстокуполна базилика |
| Изградба | 1952 - 1967 |
| Управа | |
| Архијерејско намесништво | Серско |
| Епархија | Серско-нигритска |
Свети 40 Маченици (грчки: Ιερός Ναός Αγίων Σαράντα Μαρτύρων) — црква во градот Сер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа на улица „Марко Бочвар“ бр. 70 – 77. Почнала да се гради во 1952 г. на местото на црква изградена во 1946 г. Отворена е на 17 септември 1967 г. од митрополитот Константин Серско-нигритски. Претставува крстокуполна базилика со купола, три рамена и средишна апсида на исток. Во 1970 г. е изградена камбанаријата и други додатоци. Во црковниот двор е параклисот „Св. Евфимија, Св. Ирина Атињанка и Св. Ирина Кападокиска“. Во храмот се чуваат дел од моштите на Светите 40 севастиски маченици, подарени од митрополитот Теолог Серско-нигритски.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 „Ιερός Ναός Αγίων Σαράντα Μαρτύρων“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 12 декември 2017.
