Црква „Св. Троица“ - Драма
Изглед
Света Троица | |
---|---|
Αγίας Τριάδας | |
41°9′15.9″N 24°9′2.4″E / 41.154417°N 24.150667°E | |
Место | Драма |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Драмско |
Епархија | Драмска |
Света Троица (грчки: Αγίας Τριάδας) — црква во градот Драма, Егејска Македонија. Влегува во состав на Драмската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Црквата е сместена во истоименото маало Света Троица (Агија Тријада), во кое пред 1922 г. живееле Турци. Изградена е како џамија и наречена Куршум-џамија или Куршумлу-џамија (турски: Kurşun, Kurşunlu Camii), т.е. Оловна џамија. Градбата се состои од наос и портик со четири столбови и три лакови. На југозападната страна е зачуана многуаголната основа на минарето. Во околината на црквата има неколку зачувани традиционални куќи.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „2500 χρόνια ιστορίας σε 60'. Πολιτιστική Διαδρομή στην πόλη της Δράμας“ (PDF). Δήμος Δράμας. Архивирано од изворникот (PDF) на 26 ноември 2016. Посетено на 25 ноември 2016.