Црква „Св. Никола“ - Скилич

Координати: 40°36′39.4″N 22°19′45.8″E / 40.610944° СГШ; 22.329389° ИГД / 40.610944; 22.329389
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Никола
Αγίου Νικολάου
Поглед на црквата
Карта
40°36′39.4″N 22°19′45.8″E / 40.610944° СГШ; 22.329389° ИГД / 40.610944; 22.329389
МестоСкилич, Берско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типеднокорабна базилика
Управа
Архијерејско намесништвоКавасилско
ЕпархијаБерско-негушко-камбаниска

Свети Никола (грчки: Αγίου Νικολάου) — црква во селото Скилич, Берско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Црквата е гробишен храм сместен во северниот дел на селото.

Историја[уреди | уреди извор]

„Св. Никола“ е старата црква на селото, а „Св. Константин и Елена“ е новата. Во храмот има вградени антички и средновековни сполии — римски и византиски релјефи и натпис, употребени како градежен или украсен материјал. Црквата претставува еднокорабна базилика со димензии од 18 × 7 м и двоводен покрив. На 19 мај по улиците на селото се одржува поворка со иконата на Свети Никола.

Римски натпис[уреди | уреди извор]

Римскиот натпис
Јужниот ѕид на храмот со вградените сполии

Римскиот натпис на старогрчки е запишан во 1919 г. и со грешки објавен во „Национален водич“ за 1920 - 1921 г. Во мај 1953 г. берскиот старинар Панајотис Ксилапетридис го видел натписот на истото место и го препишал исправно. Се работи з стела од бел мермер, подоцна обоена, со фронтон одгоре и релјеф каде се претставени жени од типот на Афродита, а пред и меѓу нив има помала седната женска фигура, која веројатно држи рипида и е свртена налево.[1] Видливите димензии на натписот се 1,10 × 0,49 м. Висината на писмото е 0,029 м, а растојанието изнесува 0,02 м.

Овој натпис е заклетвен, со кој Торпилиј Лик го споменува добриот карактер и доблестите на неговата сопруга Елија Евтихиди и така оддава сопружничко признание и љубов.[2] Торпилиј е поврзан со римско семејство Торпилии кое уживало влијание во источните провинции.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Μοσχόπουλος, Γιάννης (1985). „Ρουμλούκι. Ιστορία και τοπογραφία“. Θεσσαλονίκη: University Studio Press. стр. 94, 95. Отсутно или празно |url= (help)
  2. Tataki, Argyro (1988). Ancient Beroea Prosopography and Society. Αθήνα: Μελετήματα. стр. 285.
  3. Σαμσάρης, Δημήτρης. Ατομικές χορηγήσεις της Ρωμαϊκής Πολιτείας (civitas romana) και η διάδοση της στη Ρωμαϊκή επαρχία Μακεδονία: ΙΙ. η περίπτωση της Βέροιας, έδρα του Κοινού των Μακεδόνων. стр. 332.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]