Рипида

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рипида од 1787 г. (Народен музеј, Белград).

Рипида[1][2] (грчки: ριπίδιον) — обреден богослужбен реквизит во православната црква што се користи за бркање на малите инсекти од причесниот леб и вино. Изработен е од лесен метал или дрво во облик на диск, квадрат, ромб, крст или ѕвезда со долга рачка. На него има двостран приказ на серафими со шест крила (хексаптеригон, грчки: εξαπτέρυγον) или херувими кои се околу Господ Исус Христос и кои му служат. Обично се прават во парови.

Во употреба е уште од првиот век на нашата ера па до денес. Литургиските служебници наведуваат дека два ѓакона ги држат од двете страни на светиот престол и мавтаат со нив, симболизирајќи ги херувимите кои летаат околу чесните дарови. Покрај тоа, тие им претходат на чесните дарови при големиот вход, се носат на литии, во поедини делови во архијерејската служба, како и во сите поважни случаи. Кога не се во употреба, се чуваат во апсидата на црквата.

Рипидите во коптските, ерменските и некои други православни цркви имаат мали метални прстени или ѕвончиња околу работ што произведуваат звук што е химна на ангелите на Бога.

Наводи[уреди | уреди извор]