Црква „Св. Никола“ - Ново Село

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Никола

Црквата „Свети Никола“ во Ново Село

македонска православна црква
Епархија Скопска
Местоположба

Карта

Место Ново Село
Општина Зелениково
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба 1790-1800, обновувана 1896 и 2003-2005
Архитектонски опис

Свети Никола (позната и како Св. Никола Талалеј (летен)[1] или Св.Талеа[2]) — македонски православен храм кој се наоѓа во Ново Село, недалеку од Зелениково во околината на градот Скопје. Храмот се наоѓа веднаш јужно од селото на неколку стотини метри оддалеченост. Изградбата датира од крајот на XVIII и почетокот на XIX век за што сведочат натписи и повеќе стари надгробни плочи во кругот на црквата. Црквата е возобновувана во два наврати. Првиот пат таа била обновена во 1896 година[3]. Вторпат црквата била обновена во поново време односно во периодот од 2003-2005 година. Покрај патрониот празник на црквата (9 мај[1])селото го слави и празникот „Свети Константин и Елена“.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Трифуноски Јован. „Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике“. Петти дел. Скопје, 1964 г. стр.109
  2. Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.213
  3. Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.213 Поврзано и: Трифуноски Јован. „Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике“. Петти дел. Скопје, 1964 г. стр.109