Црква „Св. Никола“ - Богатско
Свети Никола | |
---|---|
Αγίου Νικολάου | |
Фреска на јерарх од храмот | |
40°24′54.5″N 21°23′20.6″E / 40.415139° СГШ; 21.389056° ИГД | |
Место | Богатско, Костурско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | еднокорабна базилика |
Завршена | XVIII век |
Управа | |
Епархија | Шишанско-сачишка |
Свети Никола (грчки: Αγίου Νικολάου) — црква во селото Богатско, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Шишанско-сачишката епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Црквата се наоѓа на 300 м источно од селото, на подножјето на планината Саракина. Градбата претставува еднокорабна базилика со дрвен покрив покриен со плочи. Изградена е од варовник. Долга е 9 м, широка е 5 м, а страничните ѕидови се високи 3,5 м. Во жртвеникот има две ниши. Средишната конха е наполно зградена во источниот ѕид. Нема зачуван ктиторски натпис, но според архитектонските особености се претпоставува дека црквата е подигната некаде во средината на XVIII век. Храмот има забележителни фрески и убав резбаан иконостас од XIX век.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Ο ναός του Αγίου Νικολάου {18ος αι.;} στο Βογατσικό Καστοριάς“. Φως της Καστοριάς. 4 декември 2019. Посетено на 6 декември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Црква „Св. Никола“ - Богатско на Ризницата ?