Прејди на содржината

Црква „Св. Марина“ - Света Марина (стара црква)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Света Марина
Ιερός Ναός Αγίας Μαρίνας
Дел од фреската „Сретение Господово
Карта
МестоСвета Марина, Берско, Егејска Македонија
ЗемјаГрција
ВероисповедВселенска патријаршија
Мреж. местоagiamarina-veria.gr
Архитектура
Службен статусактивна
Завршена1700
Управа
Архијерејско намесништвоДобренско
ЕпархијаБерско-негушко-камбаниска

„Света Марина“ (грчки: Ιερός Ναός Αγίας Μαρίνας Ημαθίας) — православна црква во селото Света Марина во Берско, Егејска Македонија. Припаѓа на Берско-негушко-камбаниската епархија на Вселенската патријаршија.

Црквата е изградена во 1700 г. во старото село, 2 км источно од новото. Претставува еднокорабна базилика со полукружна надворешна апсида, широка припрата-женска црква и трем на јужната и западната страна. Во северозападниот агол на црквата има нов ѕвонарник. Живописите во црквата се од XVIII век.[1] Иконите се изработени во XIX век, а крстот е резбан. Црквата е прогласена за историски споменик на 19 јули 1985 г.[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Ι.Ν. Αγίας Μαρίνας ιστορικό διατηρητέο“. Ιερός Ναός Αγίας Μαρίνας Ημαθίας. Архивирано од изворникот на 2014-10-19. Посетено на 2014-10-13.
  2. „ΥΑ ΥΠΠΕ/Β1/Φ36/31675/685/2-7-1985 - ΦΕΚ 455/Β/19-7-1985“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2014-10-20. Посетено на 2014-10-13.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]