Прејди на содржината

Црква „Св. Константин и Елена“ - Тахино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Константин и Елена
Ἁγίων Κωνσταντίνου και Ελένης
Карта
40°55′20″N 23°38′57″E / 40.92222°N 23.64917°E / 40.92222; 23.64917
МестоТахино, Нигритско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
Завршена1763
Управа
Архијерејско намесништвоНигритско
ЕпархијаСерско-нигритска

Свети Константин и Елена (грчки: Αγίων Κωνσταντίνου και Ελένης) — црква во селото Тахино, Нигритско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм на селото.[1]

Црквата е гробишен храм кој се наоѓа на северозападниот крај на селото. Изградена е во 1763 г.[2] Претставува трикорабна базилика со тројна апсида на исток.[1] Живописана е од мијачките зографи Христо, Исаја, Кузман и Серафим Фрчковски.[3]

Во парохијата влегуваат и црквите „Св. Никола“ од XVII век, како и „Св. Антониј“ и „Св. Илија“.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 3 „Ιερός Ναός Αγίων Κωνσταντίνου και Ελένης“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 31 октомври 2014.
  2. ↑ „ΕΝΑ ΣΠΑΝΙΟ ΕΥΡΗΜΑ ΣΤΟ ΝΑΟ ΤΟΥ ΑΓΙΟΥ ΓΕΩΡΓΙΟΥ ΝΙΓΡΙΤΑΣ“. ΟΙ ΠΕΡΙΠΕΤΕΙΕΣ ΕΝΟΣ ΠΡΟΣΚΥΝΗΤΟΥ. Посетено на 2 ноември 2014.
  3. ↑ Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуство. стр. 216.