Црква „Св. Илија“ - Плаќе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Илија
Црква „Св. Илија“ - Плаќе.jpg

Поглед на црквата

Македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Охридско
Парохија Коселска
Местоположба
Координати 41°13′5.6″N 20°58′19.5″E / 41.218222° СГШ; 20.972083° ИГД / 41.218222; 20.972083Координати: 41°13′5.6″N 20°58′19.5″E / 41.218222° СГШ; 20.972083° ИГД / 41.218222; 20.972083
Населено место Плаќе
Општина Охрид
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Илија
Изградба 1871
Архитектонски опис
Архитектонски тип еднокорабна
Портал „МПЦ“

Свети Илија — главна селска црква во охридското село Плаќе.[1] Во црковниот двор се наоѓаат и селските гробишта на Плаќе.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Црквата се наоѓа на едно возвишение, во југозападниот дел на селото.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата била подигната во 1871 година.[3]

Се верува дека некогаш на истото место на кое е подигната денешната градба имало постаро култно место. На западната страна на црквата можат да се забележат остатоци од градба, а во дворното место се наоѓаат стари средновековни гробови.[2]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата на црквата е еднокорабна. Била градена со кршен камен и делкан бигор, а апсидата на црквата е полукружна. Во минатото била покриена со камени плочи. Материјалот за нејзината градба бил носен од месноста Сопот.[2]

На северната страна од црквата е изградена трпезаријата.[2]

Фрескоживопис[уреди | уреди извор]

Црквата поседува фрескоживопис, за кој се претпоставува дека е насликан за време на изградбата на црквата.[3]

Од овој живопис се останати само ликовите во олтарниот простор и во споредните ниши.[2]

Иконостас[уреди | уреди извор]

Во внатрешноста постои иконостас на кој се наоѓаат четири престолни икони, кои потекнуваат од 1872 година.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред. Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 46. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 „ЦРКВИ И МАНАСТИРИ ВО ОХРИДСКО: Плаќе и Рамне мали села со многу свети места“. Denesen.mk (mk-MK). конс. 2019-11-15. 
  3. 3,0 3,1 „Дебарско-кичевска епархија - Намесништва“. www.dke.org.mk. конс. 2019-11-15. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]