Прејди на содржината

Црква „Св. Илија“ - Патрик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Илија

Поглед на црквата

македонска православна црква
ЕпархијаБрегалничка
Архијерејско намесништвоШтипско
ПарохијаОсма приградска
Местоположба

Карта

Координати41°35′53.3″N 22°12′42.2″E / 41.598139°N 22.211722°E / 41.598139; 22.211722
МестоПатрик
ОпштинаШтип
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителСвети Илија
Изградба1988 (обнова)
Рушење1913
Архитектонски опис

Свети Илија — главна селска црква историското штипско село Патрик, Македонија.[1]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Црквата се наоѓа на местото на некогашното село Патрик и е единствен остаток од него. До нејзе може да се стигне преку земјен пат кој започнува од превојот помеѓу Неготино и Штип на регионалниот пат 1103. Бидејќи црквата се наоѓа во рамки на самото ловиште „Конечко“, пристапот до црквата е ограничен.

Во 2020 година била издадена „Процена на загрозеноста од елементарни непогоди кај православните верски храмови во општина Штип“ од страна на Центарот за управување на кризи и Универзитетот „Гоце Делчев“ во која се вели дека црквата врз основа на својата градба, местоположба и околина е загрозена од појава на пожари.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Првобитниот храм бил разрушен за време на Втората балканска војна, кога било разорано и самото село. Но, видливите остатоци од објектот и од фрескоживописот, довело до повторна обнова. Со благослов на Митрополитот Брегалнички г. Стефан, реставрацијата била отпочната во 1988 година.[3]

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Фрескоживопис

[уреди | уреди извор]

Црквата поседува живопис.

Икони и иконостас

[уреди | уреди извор]

Во нејзе се наоѓа мал иконостас.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 27. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Веселинов, Драган; Нацев, Трајче (2020). „Процена на загрозеноста од елементарни непогоди кај православните верски храмови во општина Штип“ (PDF). Универзитет „Гоце Делчев“. Посетено на 6 јули 2025.
  3. „Брегалничка епархија“. Брегалничка епархија. Посетено на 2025-07-06.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]