Црква „Св. Димитриј“ - Нигослав

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Свети Димитриј
Αγίου Δημητρίου
40°55′59.8″N 23°25′26.4″E / 40.933278° СГШ; 23.424000° ИГД / 40.933278; 23.424000Координати: 40°55′59.8″N 23°25′26.4″E / 40.933278° СГШ; 23.424000° ИГД / 40.933278; 23.424000
МестоНигослав, Нигритско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Архитектонски типтрикорабна базилика
Завршена1835
Управа
Архијерејско намесништвоНигритско
ЕпархијаСерско-нигритска

Свети Димитриј (грчки: Αγίου Δημητρίου) — црква во селото Нигослав, Нигритско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм на селото.[1]

Црквата се наоѓа во центарот на селото и претставува забележителен пример за духовната архитектура од крајот на XIX и почетокот на XX век.[2] Изградена е во 1835 г. Во 1904 г. претрпела значајни штети во пожар.[1] Храмот е трикорабна базилика со женска црква во западниот дел и кос покрив со дрвен таван. Има дрвен иконостас, дело на месни мајстори. Иконите се интересни.[2] Живописан е на крајот на XX век.[1]

Во 1987 г. храмот е прогласен за заштитен споменик на културата.[2]

Во парохијата влегуваат и параклисите „Св. Четириесет маченици“ и „Успение на Пресв. Богородица“.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Ιερός Ναός Αγίου Δημητρίου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 2 ноември 2014.
  2. 2,0 2,1 2,2 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ37/45459/1108/23-12-1986 - ΦΕΚ 271/Β/2-6-1987“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Посетено на 30 октомври 2014.