Црква „Св. Богородица“ - Волино
Изглед
Света Богородица | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Дебарско-кичевска |
| Архијерејско намесништво | Охридско |
| Парохија | Мешеишка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°13′3″N 20°44′45″E / 41.21750°N 20.74583°E |
| Место | Волино |
| Општина | Дебрца |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Богородица Марија |
| Завршено | 1900 |
| Живопис | 1942 |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | еднокорабен |
| Стил | преродбенички |
Св. Богородица — црква во охридското село Волино, Општина Дебрца, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Охридското архијерејско намесништво во Дебарско-кичевската епархија на МПЦ - ОА.
Црквата е гробишен храм сместен во југоисточниот дел на селото. Изградена е во 1900 г. Претставува еднокорабна градба со трансепт. Трите апсиди (од источна, јужната и северната стана) се петстрани. Иконите се изработени од зографите Крсте Николов Коловски и синот Рафаил Крстев Коловски од Лазарополе. Храмот е целосно живописан во 1942 г.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Охридско архијерејско намесништво“. Дебарско-кичевска епархија. Посетено на 17 март 2014.[мртва врска]


