Црква „Св. Атанасиј“ - Загоричани

Координати: 40°34′46.73″N 21°24′42.89″E / 40.5796472° СГШ; 21.4119139° ИГД / 40.5796472; 21.4119139
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Атанасиј
Αγίου Αθανασίου
Иконостасна икона на Свети Атанас, 1888 г.
Карта
40°34′46.73″N 21°24′42.89″E / 40.5796472° СГШ; 21.4119139° ИГД / 40.5796472; 21.4119139
МестоЗагоричани, Костурско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Завршена1886/1964
Управа
Архијерејско намесништвоГоренско
ЕпархијаКостурска

Свети Атанасиј (грчки: Αγίου Αθανασίου) — црква кај селото Загоричани, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Црквата се наоѓа во месноста Курулишта, северозападно од Загоричани и источно од Олишта. Тука некогаш имало село, а „Св. Атанасиј“ била неговата црква. Денес тука е брегот на вештачкото Загоричанско Езеро. Црквата е уништена од арнаутски банди околу 1650 г., а жителите на Курулишта се преселиле во Загоричани. Од овој храм останале голема плоча која служела како олтар, монолитен столб, две столпчиња од месен камен, камен релјеф, измазнета камена плоча и римски релјеф со престава на човек во полн раст со копје и венец (30 × 40 см), вграден во источниот ѕид на денешниот храм. Во 1700 г. врз урнатините на стариот храм селаните подигнале скромен параклис. Од таа црква во денешната се зачувани иконата на Свети Атанасиј и мала икона на непозната светоца, можеби Света Варвара. Во 1886 г. жителите на Загоричани на ова место изградиле голема претставителна црква, а годината е означена на убав камен релјефсо крст, вграден во ѕидот. Храмот е опремен во 1887 – 1888 г. со убави икони, дело на тројца мајстори — Евтимиос А. Мисајлидос од Цариград и Павлос Кесаревс и Михаил Г. Самарас од Рупишта. Иконите на првите двајца се подарок од загоричанци кои работеле во Цариград. Во 1964 г. црквата е наполно обоновена по четврти пат.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Ο εξοχικός ναός του Αγίου Αθανασίου στη Βασιλειάδα Καστοριάς (έτ. 1886. † 2 Μαΐου)“. Φως της Καστοριάς. 29 април 2017. Посетено на 22 јуни 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]