Прејди на содржината

Црква „Св. Атанасиј“ - Доксат

Координати: 41°5′35″N 24°13′52″E / 41.09306° СГШ; 24.23111° ИГД / 41.09306; 24.23111
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Атанасиј
Αγίου Αθανασίου
Камбанаријата на црквата
Карта
41°5′35″N 24°13′52″E / 41.09306° СГШ; 24.23111° ИГД / 41.09306; 24.23111
МестоДоксат, Драмско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Архит. типтрикорабна базилика
Завршена1867
Управа
Архијерејско намесништвоДоксатско
ЕпархијаДрамска

Свети Атанасијцрква во селото Доксат, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Драмската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Црквата е осветена на 20 октомври 1867 г. според плочата на западниот ѕид. Градбата претставува трикорабна базилика со женска црква и трем. Апсидата однадвор е украсена со слепи ниши.[1] Првично главниот влез бил од запад, преку тремот. Во 1893 г. со доградбата на камбанарија од делкан камен,[1] се направени извесни промени — тремот е затворен и на југ додаден е нартекс, каде е направен главниот влез.[2]

Иконите на иконостасот се дело на Серги Георгиев од Неврокоп, изработени во 1870 г. Само две икони се од друг мајстор, насликани во 1843 г.[1][3]

Во 1966 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[4]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Ιστορία Πλεύνας-Πετρούσας. Η Παλαιά Εκκλησία Πλεύνας και άλλες 32 Μεταβυζαντινές Εκκλησίες στο Νομό Δράμας“. Τα Νέα της Πετρούσας. Посетено на 16 ноември 2014.
  2. „Црквата „Св. Атанасиј" во Доксат“. Corect. Архивирано од изворникот на 2014-11-10. Посетено на 10 ноември 2014.
  3. Τσιγάρας, Γεώργιος (3 декември 2006). „Ναός Αγίου Αθανασίου Δοξάτου“. Οδηγός Ανατολικής Μακεδονίας και Θράκης. Посетено на 27 септмеври 2019. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)[мртва врска]
  4. „ΥΑ 11707/14-6-1966 - ΦΕΚ 429/Β/8-7-1966“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2019-05-21. Посетено на 3 мај 2018.