Црква „Св. Атанасиј“ - Враништа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Атанасиј
Викиекспедиција во Дримкол 131.jpg

Поглед на црквата

Македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Струшко
Парохија Ложанска
Местоположба
Координати 41°12′29.95″N 20°39′45.61″E / 41.2083194° N; 20.6626694° E / 41.2083194; 20.6626694Координати: 41°12′29.95″N 20°39′45.61″E / 41.2083194° N; 20.6626694° E / 41.2083194; 20.6626694
Населено место Враништа
Општина Струга
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Атанасиј Александриски
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Свети Атанасиј — помала селска црква во селото Враништа. Сместена е во југозападниот дел од селото, на пространа тревна површина.[1]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата на црквата е со правоаголна основа и апсида во задниот дел. Влезот е сместен на западната страна и до внатрешноста води метална врата на која има метален ков со името на црквата. Внатрешноста на црквата не е зографисана. Ѕидовите од внатрешната страна се покриени со ламперија, а во олтарот има слики на светци и икони, меѓу кои средишно место зазема онаа на патронот Атанасиј Александриски. Црквата е изградена од камен со дрвен калкан истакнат нанадвор од предната страна. Покриена е со кров од ќерамиди, додека апсидата е покриена со лимен кров.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 43. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]