Црква „Св. Јоаким Осоговски“ - Крива Паланка
Свети Јоаким Осоговски | |
Поглед на црквата, заедно со другата манастирска црква (од лево) | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Кумановско-осоговска |
| Архијерејско намесништво | Кривопаланечко |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 42°12′31″N 22°21′44″E / 42.20861°N 22.36222°E |
| Место | Крива Паланка |
| Општина | Крива Паланка |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Јоаким Осоговски |
| Изградба | 1847 |
| Завршено | 1851 |
| Архитектонски опис | |
Свети Јоаким Осоговски — главна манастирска црква на Осоговскиот манастир, сместен над градот Крива Паланка.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Изградена во периодот од 1847 до 1851 г. по иницијатива и лично вложување на жителите на Крива Паланка и околните села. Црквата претсатвува католикон на истоимениот манастир кој се наоѓа на околу 5 километри оддалеченост од Крива Паланка, во пазувите на Осоговските Планини.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Местоположбата на локацијата надвор од градот, а со тоа и подалеку од строгите османлиски регулативи, му овозможиле на архитектот Андреја Дамјанов да ја изгради својата прва петкуполна црква. Сите негови претходни градби биле обликувани базиликално, со или без слепи куполи, а покриени само со двоводни покриви (Кратово, Велес, Печењевац, Турековац, Штип), а со оваа црква отвора ново поглавје од своето творештво во кое доминираат трикорабни петкуполни градби (Смедерево, Чичево, Сараево, Мостар). Осоговската црква е прва од тоа поглавје, но во исто време многу специфична и различна од останатите.[2]
Мајсторството и вештината на Дамјанов дошле до полн израз при осмислувањето и изградбата на овој објект. Тој успеал да извлече максимум од една тесна и стрмна локација и доста успешно на неа да ја смести големата црква.[2]
Типологија
[уреди | уреди извор]Во основа, наосот претсатвува еден не многу издолжен правоаголник, поделен на три надолжни сегменти со два реда по три столба и според тоа навидум наликува на неговите трикорабни решенија. Тоа што е специфично е што столбовите меѓусебно и со обиколните ѕидови се поврзани со лакови и на тој начин целиот простор го делат на дванаесет травеи. Секој травеј е покриен со одделна купола и така е добиено дванаесеткуполно решение. Од нив, пет куполи се носени на високи осумстрани тамбури и се распоредени во форма на грчки крст, а останатите седум се слепи куполи кои делумно или воопшто не излегуваат над покривната површина.[2]
Централниот корпус на објектот, наосот, е обиколен со тремови, но само од јужната и западнта страна. Според видливите почетоци на лакови и куполи, се претпоставува дека трем бил планиран и на северната страна, но никогаш не бил изведен најверојатно поради малата дистанца меѓу објектот и карпата на северната страна.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 3 4 5 Jasmina., Hadžieva-Aleksievska; Јасмина., Хаџиева-Алексиевска; 1813-1878., Дамјанов, Андреја; Елизабета., Касапова (2001). Arhitekt Andreja Damjanov, 1813-1878. Skopje: J. Hadžieva Aleksievska, E. Kasapova. ISBN 9989962413. OCLC 52760451.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Јоаким Осоговски“ - Крива Паланка на Ризницата ?


