Црква „Св. Ѓорѓи“ - Хортач

Координати: 40°36′30″N 23°6′11″E / 40.60833° СГШ; 23.10306° ИГД / 40.60833; 23.10306
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Ѓорѓи
Αγίου Γεωργίου
Карта
40°36′30″N 23°6′11″E / 40.60833° СГШ; 23.10306° ИГД / 40.60833; 23.10306
МестоХортач, Солунско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Архит. типтрикорабна базилика
Удрен темел1806
Завршена1837
Управа
ЕпархијаНеаполско-ставруполска

Свети Ѓорѓи (грчки: Αγίου Γεωργίου) — црква во селото Хортач, Солунско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Неаполско-ставруполската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Црквата почнала да се гради во 1806, а завршена е во 1837 г., што се гледа од натписот на неа. Претставува трикорабна базилика со трем наместо нартекс од западната страна и женска црква над главниот влез.[1]

Во црквата работеле зографи од Кулакиската школа. Маргаритис Ламбу ја насликал иконата „Преображение Христово“ во 1813 г.[2] Во 1840 г. Маргаритис повторно работел во Хортач со брат му Константин Ламбу. Во 1874 г. Константин повторно работел на црквата.[3] Најстарата икона во црквата е средновековната „Пресвета Богородица Патеводителка“ од времето на Палеолозите, пренесена заедно со други реликвии од соседниот Хортачки манастир. Има и малка збирка ракописи од ΧVI – XVII век. Интересна е збирката на печатени богослужбени книги на познати печатари од Венеција од XVII век.[4]

Во 1967 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[5]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Ι.Ν.Αγ.Γεωργίου Χορτιάτη“. Ιερά Μητρόπολη Νεαπόλεως και Σταυρουπόλεως. Архивирано од изворникот на 22 мај 2014. Посетено на 22 мај 2014.
  2. Ευγενίδου, Δέσποινα (1982). Μια "Συντεχνία" αγιογράφων του 19ου αιώνα από την Κολακιά (PDF). Θεσσαλονίκη: Μακεδονικά, Τόμος ΚΒ (1982) 180-204. стр. 185. Посетено на 10 јуни 2014.
  3. Ευγενίδου, Δέσποινα (1982). Μια "Συντεχνία" αγιογράφων του 19ου αιώνα από την Κολακιά (PDF). Θεσσαλονίκη: Μακεδονικά, Τόμος ΚΒ (1982) 180-204. стр. 1850–181. Посетено на 10 јуни 2014.
  4. „Άγιος Γεώργιος Χορτιάτη“. Corect. Посетено на 16 октомври 2014.[мртва врска]
  5. „ΥΑ 4701/3-3-1967 - ΦΕΚ 183/Β/16-3-1967“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 28 ноември 2022. Посетено на 11 јуни 2018.