Цијанотипија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ана Аткинс - алги

Цијанотипијата е фотографски процес кој дава слика во (цијан) сини тонови. Процесот бил популарен во инженерските кругови до средината на 20 век. Евтин и лесен, процесот го олесни дуплирањето и копирањето на големи технички нацрти . Процесот се базира на две хемикалии - амониум железо цитрат и калиум железо цијанид.

Историја[уреди | уреди извор]

Англискиот научник и астроном Сер Џон Хершел ја открил постапката во 1842 година. И покрај фактот дека тој го измислил процесот, тој сметал дека е наменет исклучиво за копирање белешки или дијаграми, што било и останува главната и најраспространета примена на истиот. Тој беше воведен во областа на фотографијата од англиската ботаничарка Ана Аткинс, кога таа го искористи процесот за илустрација на нејзината книга посветена на папратите и алгите. Со ставање на нејзините предмети директно на хартијата обработена со емулзија, таа добила обоени контури, односно фотограми од нив преку дејството на светлината . Користејќи го овој процес, таа остана запамтена како првата жена фотограф .

Процес[уреди | уреди извор]

Обично ќе се користи мешавина од 8,1% раствор на калиум железо цијанид и 20% раствор на амониум железо цитрат, измешани непосредно пред употреба. Овој слабо фотосензитивен раствор потоа се нанесува на подлога како хартија или ткаенина и може да се користи по сушењето.

Иако хартиите за акварел се најчесто користената подлога, растворот може да се нанесе на секој материјал што може да го апсорбира - хартија, памук, волна или дури и желатин нанесен на непорозна подлога. Не се препорачува да се користат хартии обработени со алкални бафери бидејќи сликата на нив ќе избледи со текот на времето.

Фотографски позитив слика може да се добие и со изложување на негативите на ултравиолетова светлина . УВ светлината би ги редуцирала соединенијата на железо (III) до соединенија на железо (II), проследено со сложена реакција на соединенијата на железо (II) со раствор на железен цијанид. Реакцијата би резултирала со нерастворлива сина боја, железен фероцијанид, позната како пруско сино.

При изложување на УВ зраци (исто така присутни во сончева светлина), железото во недостапните делови би се намалило и хартијата би добила челична сиво-сина боја. Обемот на формирање на боја зависи во овој случај од количината на УВ светлина, но сосема прифатливи резултати може да се добијат по изложување од 10 - 20 минути, во облачно време. . Процесот користи или големи негативи, или литографски филм, или предмети поставени директно на хартија, што значи правење фотограм.

По експонирањето, железото што не учествувало во реакцијата се измива со проточна вода за време на разввивањето на сликата. Сината боја потемнува по сушењето, а овој ефект може дополнително да се забрза со натопување во 6 или 3 % хидроген пероксид. Солите на тровалентното железо растворливи во вода се измиваат, додека пруската сина боја нерастворлива во вода останува во хартијата .

Тонирање[уреди | уреди извор]

Постојат 3 начини за менување на цијанотипиите: намалување на интензитетот на бојата, подобрување и тонирање.

За намалување на интензитетот користиме раствори на натриум карбонат, амонијак. Клорокс, тринатриум фосфат, боракс, Дектол. При постигнување на саканиот ефект, сликата се отстранува од растворот и се плакне со вода, со цел да се запре процесот на белење.

Доколку сакаме да зголемиме контраст и/или интензитет на бојата, најчести средства за постигнување на истото се водород пероксид, лимонска киселина или сок од лимон и оцет.

При тонирање, нашата цел е да ја промениме бојата на сликата, обично се користи танинска киселина, црн чај, вино, пирогалоична киселина или дури и урина од мачки.

Трајност[уреди | уреди извор]

За разлика од другите историски и современи фотографски постапки, цијанотипиите реагираат негативно на алкална средина. Затоа, не се чуваат во пакување од баферирана хартија или картон, бидејќи во таква средина сликите наскоро ќе избледат. Друга необична карактеристика на им е тоа што ако избледат поради влијанието на светлината, едноставното привремено складирање во темница значително ќе го врати првобитниот интензитет на бојата.

Цијанотиповите на текстилна основа никогаш не треба да се мијат со сапун што содржи фосфат.


Во Македонија

Кај нас до скоро немало автори/авторки кои посветено се бавеле со цијанотипија. Во последната декада (2010-) авторот Сашо Алушевски почнува посветено да експериментира со таканаречените алтернативни или благородни форографски процеси, меѓу кои и цијанотипијата. Низ неговата работилница поминале многу заинтересирани, а заедно со Кети Талевска - Бакревска и Викторија Мачковска, го формираат и брендот „Cyanogifts" за рачни изработки од цијанотипија.

Цијанотипија изработена од Викторија Мачковска







Цијанотипијата кај нас се негува и на фестивалот за алтернативна фотографија - Зрно.

Тонирана цијанотипија, дело на Сашо Алушевски, 2022

Литература

Надворешни врски[уреди | уреди извор]