Цветан Мазнику

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 1938,  Албанија
Клење, Голо Брдо
Починал 8 јануари 2015
Тирана,  Албанија
Занимање македонски активист од Албанија

Цветан Зафир Мазнику (Клење, Голо Брдо, 1938 - Тирана, 8 јануари 2015) — прв претседател на Македонската заедница во Албанија, еден најголемите поборници за правата на Македонците што живеат во Албанија и собирач на македонскиот фолклор.

Биографија[уреди | уреди извор]

Мазнику е роден е во 1938 година во село Клење, Голо Брдо. Основно образование завршил во родното село, гимназија во Драч а дипломирал на Факултетот за рударство во Санкт Петербург (Ленинград). Две децении работел во рудникот во Подградец а исто толку и во Институтот за истражување во Тирана. Од 1990 година активно почнал да го собира народно творештво од областа на Голо Брдо. Автор е на повеќе дела кои го опфаќаат богатото културно и духовно богатство на Македонците во Голо Брдо. Како еден од основачите на македонското друштво „МЕД” на почетокот на 90-те годнини на минатиот век и првиот претседател на Македонската заедница во Албанија дал голем придонес во борбата за остварување на правата на Македонците во Албанија и зачувување на националниот идентитет. Заедно со други Македонци издале шест книги „Голобрдски фолклор“ кои се од огромен придонес за заштита на македонскиот идентитет, јазик и култура на Македонците во Албанија. Автор е на една од двете првообјавени книги на македонски јазик во Албанија. Има објавено повеќе од 660 поговорки, а собрал околу 3.000 поговорки, клетви, благослови и други творби од областа на Голо Брдо. Од 1990 година активно собира народно творештво од овој крај. Починал на 8 јануари 2015 година во Тирана, Албанија.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]