Хрватско шумарско друштво

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зградата на Хрватското шумарско друштво во Загреб.

Хрватско шумарско друштво (хрватски: Hrvatsko šumarsko društvo) ― друштво кое потекнува од Хрватско-словенското земјоделско друштво, основано на иницијатива на шумарите во Загреб во 1841 година. Шумарскиот оддел на Друштвото бил создаден на 26 декември 1846 година во Пречец кај Загреб; ова го означува почетокот на Хрватското шумарско друштво.

Шумарското друштво е одговорно за многу од достигнувањата на шумарската практика, образованието и науката во Хрватска, вклучувајќи:

  • Донесување на Законот за шумите во 1852 година и неговата строга примена шест години подоцна;
  • Основање на Кралскиот земјоделски и шумарски колеџ (денес Колеџ за земјоделство) во Крижевци во 1860 година;[1]
  • Објавување на првата научна публикација специјализирана за шумарство во југоисточна Европа, Šumarski list (Шумарски лист), почнувајќи од 1 јануари 1877 година, која оттогаш постојано е објавуван до денес;
  • Подготовка и учество на Милениумската изложба во Будимпешта во 1896 година, каде што Кралството Хрватска и Славонија имало свој изложбен салон, а шумарството и преработката на дрво свој посебен павилјон;
  • Изградбата на Хрватската шумарска куќа (на денешниот Плоштад „Иван Мажураниќ“, Загреб) во 1898 година, дом на Шумарската академија која започнува на 20 октомври. Шумарската академија била четврта високообразовна установа на Универзитетот во Загреб.

Шумарското друштво сега брои околу 2700 членови и се гордее со продолжение на своето постоење и активност, без оглед на промените на власта, државата, технологијата и условите за живот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Husinec, Renata, and Dejan Marenčić. n.d. "Križevci College of Agriculture." Архивирано на 29 декември 2009 г. Пристапено: 4 октомври 2023.
  • Шуми на Хрватска, Факултет за шумарство и хрватски шуми, Загреб 1992 година, стр. 291
  • „Značajniji događaji iz povijesti šumarstva u Hrvatskoj“ [Important events in the history of forestry in Croatia] (PDF). Šumarski list (хрватски). 136 (3–4). April 2012. Посетено на 4 октомври 2023.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]