Хијатална кила

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хијатусна кила
Hiatalhernia.gif
Хијатусна кила
Класификација и надворешни извори
Специјалност гастроентерологија[*], општа хирургија
МКБ-10 K44, Q40.1
МКБ-9 553.3, 750.6
OMIM 142400
DiseasesDB 29116
MedlinePlus 001137
eMedicine med/1012 radio/337
MeSH D006551

Симптоми[уреди | уреди извор]

Повеќето од луѓето кои боледуваат од хијатусна кила не се ни свесни за болеста. Тие што се свесни,веројатно,ја откриле болеста кога отишле на лекар за хронична ждригавица. Нејзините симптоми се следни:

  • ждригавица и повраќање на желудечна киселина
  • отежнато голтање
  • болки во градите што почнуваат под градната коска
  • чуство на надуеност по јадење
  • отежнато дишење

Обратете се на лекар[уреди | уреди извор]

  • ако болката што се јавува под градната коска не попушта по пиењето на антацид.Можеби имате ангина пекторис.Веднаш побарајте лекарска помош.
  • ако се лекувате од ждригавица или хијатусна кила и од ненадеж почуствувате болка во градите или во желудникот ,тешко голтате или повраќате.Можно е да се случило вклештување на килата,а тоа бара итна лекарска и хируршка интервенција.Веднаш побарајте лекарска помош без одложување.
  • ако хијатусната кила е придружена со хронична ждригавица.Желудечната киселина непрекинато го нагризува хранопроводот,што може да предизвика езофагитис (воспалиение и чир на хранопроводот),оштетување на ткивото на хранопроводот,чир или рак на жедудникот.

Дијагностички постапки[уреди | уреди извор]

Физикалниот преглед на хијатусната кила е рендгенски, а ако лекарот се сомнева на анемија, мора да побара и анализа на крвта за да се проверат крвните зрнца.

Лекување[уреди | уреди извор]

Лизгачката и смешаната кила е придружена со ждригавица и со други симптоми што може да се лекуваат со кенвенционални и алтернативни облици на лекување. Параегзофагусната кила мора да се острани со конвенционален хируршки зафат поради опасноста од прекин на дотокот на крв во тој дел на органите.

Конвенционална медицина[уреди | уреди извор]

Смирувањето на ждригавицата многу често ќе биде доволно. Хируршкиот зафат е потребен во случај на параегзофагусна кила или во случај на крварење, вклештување или воспаление на лизгачката и смешаната хијатусна кила. Со хируршкиот зафат се обновува хијатусот, а жедудникот се враќа на своето место. За таа цел се користи лапароскоп, тенок инструмент сличен на телескоп кој овожможува преглед на внатрешноста на желудникот. Во повеќето случаи пациентот останува в болница уште 48 часа по зафатот, а за враќање на секојдневните активности ќе бидат потребни две недели.

Алтернативни начини на лекување[уреди | уреди извор]

Алтернативното лекување на хијатусната кила е слично на лекувањето на ждригавицата.

Акупресура[уреди | уреди извор]

За ублажување на ждригавицата се масираат со засилен притисок во траење од една минута Желудник 36, Слезина 6, Перикард 6 и Црн дроб 14.

Лекување со лековити билки[уреди | уреди извор]

Мазниот брест (Ulmus fulva) има смирувачко, а, се верува, и воспалително дејство. Еден дел кора во прав се меша во осум дела вода и се вари на тивок оган 10 минути. Течноста се пие по половина чаша, трипати на ден.

Начин на жувеење[уреди | уреди извор]

Не јадете преобилни оброци. Наместо тоа јадете четири до пет помали оброци на ден и јадете полека. Овој начин на исхрана, во комбинација со одржување на нормална телесна тежина го намалува притисокот во стомачната празнина и ждригавицата не се појавува толку често. Намалените количества маст во исхраната може да ги намалат симптомите. Пушењето многу силно ја поттикнува ждригавицата. Престанете да пушите.

Превенција[уреди | уреди извор]

За спречување на појавата на симптомите:

  • не носете стегната или тесна облека зашто се што притиска на желудникот може да предизвика кила.
  • немојте да се наведнувате нагло или да легнувате кога желудникот ви е преполн. Таквите движења го зголемуваат притисокот на стомачната празнина, а со помош на гравитацијата придонесуваат за појава на ждригавица.

За превенција од хијатусна кила:

  • Одржувајте разумна телесна тежина.
  • Престанете со пушењето.