Волвулус

Од Википедија — слободната енциклопедија

Волвулус или торзија на цревата е вид на странгулација на црева која настанува кога цревната вијуга ќе се сврти кон својот мезентериум, околу неговите надолжни основи. Тоа се случува тогаш кога мезентериумот на цревото е многу долг, а неговиот зафат е многу краток, односно помал од неговата должина. Такви природни предуслови за превртувањето на цревата постојат начесто во подрачјето на крајниот илеум. Друг предуслов за појавување на волвулус е ако слепото и излезното црево имаат заеднички мезентериум со крајното тенко црево, тогаш и тие дејстуваат во превртувањето на цревата. Останати предуслови кои дејстуваат за превртување на цревата можат да бидат :

  • Превтување на цревата под физиолошки околности за време на празнење на организмот.
  • Промена на положбата на цревото.
  • При промена на положбата на цревото, ако тоа е полно со излезни материи и ако неговата перисталтика е пресилна, може неговата вијуга да се свитка посилно и да ја промени својата првобитна состојба.
  • На одводната вијуга да и биде пресечен патот.
  • Во низата патолошки промени како најчести причини се туморите и цистите. Туморите и цистите можат да предизвикаат превртување на цревата со промената на положбата во која остануваат заради својата тежина кога ќе се залепат за цревото кое го напаѓаат.
  • Според Бергеровите и Лунбергеровите мислења, и труењето со олово може да претсавува причина за волвулус, особено кај луѓето кои долго време работат во олово – преработувачката индустрија. Според нив, оловото предизвикува мускулна спазма, посебно кога станува збор за поединци со природна пролонгирана сигма.

Вовед[уреди | уреди извор]

Процесите задолжени за правилната функција на оргазнимот сами по себе имаат потреба од енергија која го започнува самиот процес. Таа потребна енергија води потекло од храната која секојдневно ја внесуваме. Меѓутоа секој би се запрашал како обични парчиња храна поминуваат во енергија која на пример може да го движи телото? Внесената храна е подложена на обработна од страна на дигестивниот тракт. Тоа е всушност низа од органи со различна градба, форма и големина, специјализирани за иста цел – варење на храната и трансформирање на храната во енергија. Дигестивниот систем започува со усната празнина во која големите залци се ситнат со помош на забите и преминуваат преку голтката до хранопроводот. Хранопроводнот е цевка која е задолжена да ја пренесе храната до желудникот, а за тоа е подпомогнат од страна на мазните мускули кои го градат неговиот ѕид. Храната пренесена во желудникот е нарачена химус, и химусот, со помош на некои ензими ги разложува хранливите материи и го продолжува процесот на варење на храната задржувајќи ја кај себе од 4 до 10 часа. После желудникот работата ја преземаат цревата. Прво тенкото црево со помош на жолчката, панкреасот и црниот дроб, а потоа се вклучува и дебелото црево и под влијание на цревните и панкреасните сокови, хранливите материи, белковините, маснотиите и јаглехидратите се разложуваат до материи погодни за ресорпција преку крвта и лимфата. Но што доколку некој сегмент во ритамот на работа на овој систем се наруши и системот претрпи одредени промени? Голем дел од нарушувањата во дигестивниот систем се манифестираат со гадење, повраќање или пролив. Едно од потешките нарушувања на дигестивниот систем кое ги напаѓа цревата е волвулусот односно превртувањето на цревата, кое може да заврши и со смрт.

Волволус на тенко црево[уреди | уреди извор]

Тенкото црево може да се заврти околу осовината на својата мезентерија делумно или целосно до 360 степени, па и повеќе. За да се случи тоа потребно е неговиот мезентериум да е доволно долг, а неговиот капацитет да е размерно краток. Превртувањето на тенкото црево обично се појаува во крајниот илеум. Храната од тенкото црево што не може да се свари може да создаде поволни услови за настанување волвулус. Тој може да биде 90 степени и повеќе, а притоа да не страда и варената исхрана. Тоа го утврдиле некои автори за време на војната, а го разработиле после неа.

Крвните садови што припаѓаат во мезентриумот не се толку притиснати за да нивното превртување предизвика прекин на протокот на крвта, но секое превртување кое надминува 180 степени може да предизвика одредено пореметување во снабнување со крв поради што сепак не мора да се јави и странгулација на цревата, во потполна смисла на зборот. Оштрото стегнување на крвните садови во мезентериумот редовно предизвикува тешки последици. Стегањето најпрво ги зафаќа вените. Притоа се појавува оток на мезентериумот во стомачната шуплина. Исто така во мезентеримските и цревните садови настанува тромбоза која може да предизвика гангрена.

Појавата на странгулациите не е секогаш еднаква.Странгулациите се зависни од обемот на оштетените црева. Странгулацијата на една единствена цревна вијуга може да се утврди по знаците на болест како стегнатоста, а странгулацијата на повеќе делови покажува многу тешка клиничка слика која нагло се влошува. Да се постави дијагноза пред операција е многу тешко бидејќи за неа нема сигурни знаци. Тука помагаат ренгенски дијаскопи и снимки на црева на кои во цревните вијуги се гледаат многубројни разни фекалии. Но таквата слика сепак не е доволна причина за дијагнозата – странгулација. При одлучување за дијагноза треба диференцијално – дијагностички да се размисли за запалување во долниот дел од стомакот и евентулан тромбоза на мезентериските крвни садови. Исто така тешко е дијагностички да се одвојат и акутни инкарцерации од волволусот бидејќи знаците на болести се идентични.

Волволус на слепо црево[уреди | уреди извор]

Волвулусот на слепото црево според истражувањата од познати специјалисти многу често се појавува во Финска и Русија. За волвулусот на слепото црево може да се зборува само во оние случаи во кои превртуњето делува на терминалниот дел од тенкото црево. Ако слепото црево е само префрлено преку својата попречна осовина се зборува за наведнување на слепото црево. За да има волвулус на слепото црево потребно е да постои слободен заеднички илеоколичински мезентериум. Во тој случај може за време на превртувањето да учестува тенкото црево и тоа на различно растојание, почнувајќи од најмалиот дел па по целата должина. Во него често делува и влезното дебело црево, па и половина од попречното дебело црево кое може во исто време да биде и ретропонирано. Торзијата се движи во граници помеѓу 180 до 540 степени.

Клиничката слика на болеста одговара на сликата на акутен странгулационен илеус. Сомнителноста дека постои состојба на превртување може да биде последица од тоа што во долниот дел од стомакот понекогаш се гледа или опипува еднаш десно еднаш лево вкочаната вијуга на цревото, наречена вахлова вијуга.

Лечењето е оперативно, а се состои во деторзија која е можно да се изврши само во свежи случаи. После деторзијата треба да се изврши цекопекција од десна стр на стомакот како што препорачал WILMS. Со тоа се спречува рецидитив. Ресекцијата треба да се изведува во оние случаи кога цревото и неговиот мезентериум се оштетени. После ресекцијата се врши илеотрансферзостомија.

Сигмоиден волвулус[уреди | уреди извор]

Сигмоиден волвулус како појава означува само превртување на последниот дел на дебелото црево кој се наоѓа пред ректумот. Се појавува најчесто кај постари лица, кај пациенти со хронични заболувања и кај пациенти кои подолг период страдаат од хронични заболувања. Последните откритија покажуваат појава на нов тип на сигмоиден волвулус кој ги напаѓа и младите лица, но за сега е појавен само во Африка и е наречен волвулус на илео-сигмоидни јазли.

Првичните симптоми за сигмоиден волвулус се грчеви во стомакот, гадење и проблеми со празнење на цревата. Во понапредните фази може да се појави и повраќање, треска, тешкотии во снабдување со крв на тој дел од телото итн. Но сепак овие симптоми не се доволни за веднаш да се дијагностицира сигмоиден волвулус, па затоа би било добро да се направи рентген снимка на стомакот.

Заклучок[уреди | уреди извор]

Целиот дигестивен систем е подложен на чести вируси, и важи за еден од понежните делови на телото. Начионот на исхрана е најважната точка во имање на стабилен имунитет и спречување на постојана појава на вируси од кои би страдал дигестивниот систем. Погоре видовме дека освен обичен вирус проследен со гадење, повраќање, грчеви во стомакот, овие предзнаци може да бидат предзнак на тешки заболувања како што е волвулусот. Мора да сме свесни дека иако е тешка појава која носи драстични последици, волвулусот е и една од појавите која најтешко може да се открие. Немаме посебен причинител кој суфлира само на оваа појава, немаме посебни симптоми кои 100% не уверуваат дека станува збор за волвулус. Освен правилниот начин на исхрана кој би ни помогнал во одржување на здрав имунитет, немаме друго со што да го спречиме волвулусот. Како и тешкиот начин на детектирање, така и начинот со кој би ја спречиле појавата е тежок. Дури и волвулусот на слепо црево кој звучи како не толку страшна појава, знаејќи го фактот дека во голем дел од земјите од Западна Европа, на девојчињата уште со самото раѓање им го отстрануваат слепото црево, ако настане волвулус на него истото може да заврши и со смрт.

Бројните статистиките направени од страна на странски институти покажале дека добар процен од смртните случаи во светот настанеле како последина на некое нарушување на дигестивниот систем, што е репер на тоа колку не се грижиме за нашето здравје и за здравјето на целиот наш имун систем.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Класификација
П · Р · П
Надворешни извори