Хериет Табман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хериет Табман
Хериет Табман снимена околу 1885 г.
Роден(а)Араминта Хариет Рос
1820
Мериленд, САД
Починал(а)10 март, 1913 (на 93 годишна возраста)
Обурн, Њујорк, САД
Причина за смртПневмонија
ПочивалиштеГробишта Форт Хил, Обурн, Њујорк, САД
ЖивеалиштеОбурн, Њујорк, САД
Други имињаМинти, Мозес (Мојсеј)
ЗанимањеБолничарка во граѓанската војна, суфрежистка, активистка за граѓански права
РаботодавачЕдвард Броудс
Верахристијанство
СопружникЏон Табман (во брак 1844–1851)
Нелсон Дејвис(1869–1888, до неговата смрт)
ДецаГерти (посвоена)
РодителиХериет Грини
Бен Рос
РодниниМодести (баба)
Лина (сестра)
Марија Рити (сестра)
Соф (сестра)
Роберт (брат)
Бен (брат)
Рејчел (сестра)
Хенри (брат)
Мозес (брат)
Потпис

Хериет Табман (родена како Араминта Хериет Рос; 1820 — 10 март 1913) — афроамериканска аболиционистка, хуманитарен работник и воен разузнувач за војската на Унијата во текот на Американската граѓанска војна. Табман е родена како робинка, избегала и потоа водела повеќе од 19 мисии за да спаси повеќе од 300 други робови [1] со помош на мрежа на активисти против ропството и сигурни куќи позната како Подземна железница. Таа подоцна му помагала на Џон Браун да регрутира луѓе за неговиот напад на Харперс Фери, додека во периодот по војната се борела за женското право на глас.

Како дете во округот Дорчестер, Мериленд, Табман ја тепале господарите на кои била изнајмувана. Во текот на раните години таа претрпела сериозна повреда на главата поради удар со тежок метален предмет. Повредата предизвикувала парализирачки епилептични напади, нарколепсија, главоболки и искуства на визии и впечатливи сништа во текот на целиот нејзин живот. Како посветена христијанка, Табман сметала дека визиите и соништата се приказанија од Господ.

Дрворез кој ја прикажува Табман во нејзинат облека од Граѓанската војна

Во 1849 година Табман избегала во Филаделфија, по што веднаш се вратила во Мериленд да си го спаси семејството. Полека, група по група, успеала да ги извлече роднините од таа држава, водејќи и дузини други робови до слободата. Патувајќи ноќе, Табман, (или, како што ја нарекувале „Мојсеј“) „никогаш не изгубила патник“[2]. Била понудена голема награда за враќањето на многу од избеганите робови, но во тој период никој не знаел дека Табман им помага. Откако Конгресот во кој доминирале јужњаците го усвоил Законот за избегани робови од 1850 година, со кој полициските службеници во слободните држави биле обврзани да помагаат при фаќањето избегани робови, таа ги водела бегалците во Канада. Таму, во тогашниот регион Горна Канада, увозот на робови бил забранет уште од 1793 година, а ропството било целосно укинато во 1834.

Кога започнала Американската граѓанска војна, Табман работела за војската на Унијата, прво како готвачка и медицинска сестра, а потоа како вооружен извидник и шпион. Како прва жена што предводела вооружена експедиција во таа војна - нападот на Реката Комбахи, со кој биле ослободени над 700 робови во Јужна Каролина. По војната, таа се повлекла во семејниот дом во Обурн, Њујорк, каде што се грижела за нејзините остарени родители. Била активна во борбата за право на глас на жените во Њујорк сè додека не подлегнала на болест. При крајот на својот живот, живеела во старечки дом за Афроамериканци којшто помогнала да се основа неколку години претходно.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Harriet Tubman“. PBS. Посетено на 26 April 2013.
  2. Lowry p. 180.

Извори[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]