Херакле (принц)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Херакле (латински: Heracles, Hercules, 327–309 гг. до н. э.) — син на македонскиот цар Александар III Македонски од неговата љубовница Барсина.

Мајката на Херакле, Барсина, потекнува од познат персиски род, нејзиниот татко е Артабаз. Ја омажиле за Гркот Ментор, кој командувал со Персиските војски на Запад, а после неговата смрт таа повторно се омажила и тоа за братот на покојниот маж, Мемнон. Мемнон војувал со Александар Македонски, кога тие се подготвувале кон Азија во 334 п.н.е., и за да не пребегне кон македонскиот цар, неговата жена Барсина го држела во дворецот персискиот цар Дариј III Кодоман. Во 333 п.н.е. Мемнон умира, во таа година е битката кај Иса, каде Дариј претрпел целосен пораз и избегал. Дел од неговиот дворец, вклучувајќи ја и Барсина, бил завојуван во Дамаск како воен трофеј. Барсина имала околу 30 години, таа била убава и Александар, кој воопшто не бил рамнодушен кон жените, ја зел како залог. Во 327 п.н.е. Барсина на возраст од 36 год. го родила Херакле, првото дете на Александар, самата таа имала деца од првиот маж. После женидбата на Александар со бактријската кнегиња Роксана, мајката го повела Херакле во Пергам, каде тие мирно живееле заедно сѐ до смртта на Александар во 323 п.н.е.

За незаконитиот син на Александар Македонски се спомнува во времет на барање нов цар, кој должен е да има царска крв и да е од машки род. Јустин пишува, дека командирот на фалангата Мелеагер предложил : „…ако тие[полководците] сакаат момче, тој е во Пергам и е син на Александар од Барсина, по име Херакл, или, ако тие предпочитаат маж, го има во кампот Ардеа (Сбтцко), брат на Александар]“. Предлогот за Херакле не поминал, и Барсина со синот спокојно продолжиле да живеат во Пергам до 309 до н. э. Во 310-309 п.н.е. пос роскошниот банкет Херакле и неговата мајка ги удавиле по наредба на Полиперхон.