Хенри Брендон (Втор војвода од Сафолк)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хенри Брендон

Хенри Брендон (18 септември 1535 - 14 јули 1551) — англиски благородник, син на првиот војвода од Сафолк, Чарлс Брендон и неговата четврта сопруга Катерина Вилогби.

Неговиот татко претходно бил во брак со Марија Тјудор, сестра на англискиот крал Хенри VIII. По нејзината смрт, тој се оженил за Катерина Вилогби.

Во 1541, Хенри Брендон и неговиот помлад брат Чарлс биле насликани од страна на Ханс Холбајн Помладиот.

Хенри Брендон го наследил својот татко како Втор војвода од Сафолк на 22 август 1545 година. Тоју и неговиот брат се школувале во Универзитетот Свети Јован во Кембриџ. Во тоа време земјата била зафатена од страна на голема епидемија од која починале и двајцата синови на Чарлс во рок од само неколку часови.