Хандан султан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хандан султан
Роден(а)Елена[1]
1574
Починал(а)26 ноември 1605
Цариград
НародностГрци[1][2]
Познат(а) поВалиде султан
ВераПравославие, подоцна Ислам
СопружникМехмед III
ДецаАхмед I и Мустафа I

Хандан Султан (околу 157426 ноември 1605[3]) била мајка на османлискиот султан Ахмед I и Валиде султан во периодот од 21 декември 1603 до 26 ноември 1605 година. Таа била родена под името Елена[1][2] и имала грчко потекло[1][2].

Таа имала големо влијание во решението на Ахмед да не му го одземе животот на својот брат Мустафа I. Со тоа бил укинат и законот за задолжително убивање на браќата на султаните, кој бил воведен од Мехмед II. За разлика од нејзините претходнички, Хандан султан немала големо влијание кај својот син и Ахмед I ги игнорирал нејзините совети[4]. Според ова, таа не успеала и да добие големи финансиски средства. Нејзината плата била само 1.000 акче, додка пак Сафије султан имала 3,000 плата и тоа во текот на истиот период.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Ali Kemal Meram, Padişah Anaları, Öz Yayınları, 1977, p. 244. (турски)
  2. 2,0 2,1 2,2 Günseli İnal, Filiz Özdem, Mary Işın, Semiramis Arşivi, Semiramis: Sultan'ın Gözünden Şenlik, Yapı Kredi Yayınları, 2005, p. 27. (турски)
  3. E.J. Brill's First Encyclopaedia of Islam, 1913–1936, Martijn Theodoor Houtsma, 1987[се бара страница]
  4. Imperial Harem : Women and Sovereignty in the Ottoman Empire 1993, Oxford University Press, ISBN 0-19-508677-5[се бара страница]