Футуристичка архитектура

Од Википедија — слободната енциклопедија

Футуризмот како уметничко движење беше основан во Италија во XX век. Тој набргу се прошири во Франција, Германија, Русија и Америка повикувајќи ги и сите оние коишто беа изморени од романтизмот, декаденцијата и сентименталноста, а беа желни за нешто посилно и потрајно, нешто што ќе оди во чекор со машинската ера. Filippo Tommaso Marinetti (1876) заедно со приврзаниците успеа да ги инспирира архитектите и уметниците со својата визија за брзината, машините, транспортот, комуникациите, како и со сите импресии од животот во модерниот град. Во поголем број од своите манифести предвидени со цел да шокираат, тие ги одредија стиловите за сликарството, музиката, скулптурата, театарот, поезијата и архитектурата.

Во 1909 година италијанскиот поет Filippo Tommaso Marinetti (1876) го основа движењето под името футуризам и застана на неговото чело. Во 1920 и 1930 година терминот „футуризам“ беше употребуван за да го опише големиот број на агресивните модерни стилови во уметноста и литературата.

Младите архитекти Antonio Sant'Elia (1888) и Mario Chiattone (1884) во 1914 година во Милано ги изнесоа своите револуционерни идеи со цртежи и планови насловени La Citta Nuova. Овој проект никогаш не беше изведен, но нивните идеи длабоко се врежаа во подоцнежните генерации архитекти и уметници. Во каталогот на оваа изложба Sant'Elia полн со гнев против академскиот еклектицизам бараше радикална обнова на италијанската архитектура.

Во 1914 година Filippo Tommaso Marinetti инспириран од текстот на Sant'Elia ја издаде книгата под наслов Manifesto dell' Architetura Futurista во којашто за првпат го употребува терминот футуризам и во којашто беше прокламирано дека: „Архитектурата треба да се ослободи од традицијата. Таа треба со целата своја сила да започне од самиот старт...“. Во согласност со теоријата за пластичната динамичност на Umberto Boccioni (1882), познат сликар, вајар и теоретичар на футуристичкото движење во уметноста, склоноста кон леснотијата, корисноста, проодноста и брзината беше означена како футуристичка.

Во 1928 година Luigi Colombo (1904), сликар познат како Fillia кој беше припадник на втората генерација футуристи ја приредил првата, истовремено и последна изложба Mostra di Architettura Futurista „под покровителство на Мусолини“ на која беа прикажани делата на многу уметници меѓу кои и од областа на архитектурата застапени од Sant' Elia, Chiattone, Alberto Sartoris и Virgilio Marchi со која се пропагираше градителството како државна фашистичка архитектура.

По футуристичката изложба приредена во Рим во 1932 година под името „Mostra della Rivolucione Fascista“ која имаше за цел враќање на националната традиција, фашизмот оваа изложба ја прогласи како важен израз на времето. Сега Filippo Tommaso Marinetti како заслужен футурист кој стоеше на чело на ова движење, Мусолини го произведе во „Accademico d'Italia“.[1]

  1. 1930-, Konstantinovski, Georgi; 1930-, Константиновски, Георги. Patot na eden arhitekt : 1958-2013. Skopje. ISBN 9789989328091. OCLC 1003585479.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)