Фридрик Олафсон
Изглед
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |

Фридрик Олафсон (исландски: Friðrik Ólafsson; 26 јануари 1935 — 6 април 2025 ) — исландски правник и шахист.
Роден е во Рејкјавик, Исланд. Во 1952 година станал исландски шаховски шампион, а веќе наредната година станал скандинавски шампион. Многу брзо напредувал, па станал еден од најдобрите шахисти на својата генерација. Во 1978 година го наследил Макс Еве на функцијата претседател на ФИДЕ, а како претседател останал до 1982 година кога бил наследен од Флоренсио Кампоманес. Во 1982 година, Фридрик Олафсон бил избран за секретар во Алтинг (исландскиот парламент).
| Претходник Макс Еве |
Претседател на ФИДЕ 1978–1982 |
Наследник Флоренсио Кампоманес |
|